(ВИДЕО) Заев: Остана уште само три дена да ја издржиме медиумско – пропагандната тортура

Од:

Останаа уште само три дена до завршувањето на кампањата пред локалните избори закажани за в недела.
Остана уште само три дена да ја издржиме медиумско – пропагандната тортура што чини тешки милиони а со која ВМРО ДПМНЕ буквално ги тероризира граѓаните, рече Зоран Заев.

Такво пропагандно силување на сопствените граѓани не се памети во светската историја. Така е насекаде низ Македонија, така е и во Струмица. Јас лично очекував дека во немоќта да ми се спротистават со идеи и проекти, политичките опоненти ќе го изберат моделот на водење негативна кампања против мене, но дека ќе паднат толку ниско, дека ќе водат толку приземна и гнасна кампања, беше надвор од секакви очекувања. Такви валкани нешта можат да произлезат само од валкани души. Замислете, сето тоа го прави една партија која себе си се прокламира за Демохристијанска партија која по сите основи треба да ги почитува традиционалните и семејни вредности, додаде тој.

Спротивно од тоа ОК на ВМРО ДПМНЕ, како што рече Заев, нивниот кандидат за градоначалник и шефот на изборниот штаб Славе Гошев, не избираат средства во обидот да го дискредитираат моето име, посегнувајќи по свети работи како што се семејството и семејните вредности.

Би можело да ве интересира

Шпанскиот премиер распиша предвремени парламентарни избори

А1он

Објавени првите резултати од изборите во БиХ и Република Српска: Кој води?

Ана Брнабиќ се обрати до ЕУ поради студентски предизборен спот: „На Вучиќ му се закануваат со силување“

Мерц по поразот: „Повеќе немаме задоволителни одговори на премногу прашања“

ДУИ: Ја поздравуваме подготвеноста на ВМРО-ДПМНЕ за предвремени парламентарни избори

Предраг Петровиќ

Илјадници луѓе ширум Србија чекаат во ред да ја поддржат листата „Александар Вучиќ – Обединета Србија“