(ВИДЕО) Заев од Велес: В недела масовно, да се избориме за слобода и демократија!

Од:

Вчера од големиот граѓански собир во Велес се обратија претседателот на СДСМ, Зоран Заев, претседателскиот кандидат Стево Пендаровски и носителот на третата изборна единица Марјанчо Николов.

-Македонија овие денови се соочува со битка која не е видена во последните дваесетина години, тоа е битка за слобода и демократија. Ова не е криминалистички филм во кој Груевски треба да ја игра главната улога, ова е нашата Македонија, а за Македонија вреди да се бориме. Масовно да излеземе во недела и заедно да се избориме за правдата и вистината, за слободата и демократијата!- рече Заев во Велес.

sdsmVelesss (1)

Пред велешани, претседателот на СДСМ, Зоран Заев истакна дека првата мерка која граѓаните на Македонија ќе имаат прилика да ја осетат со најавените промени е слободата. Во сплотено заедништво сите граѓани во демократија и мир ќе си ја вратат државата на вистинскиот колосек.

-Додека сте Вие со нас во толку голем број, храбрејќи го народот вака масовно, оваа битка заедно со Вас ќе ја водиме до крај! – се обрати Заев пред присутните граѓани.

sdsmVelesss (2)

Кандидатот за Претседател на Република Македонија, Стево Пендаровски се заблагодари на изразената граѓанска поддршка во првиот круг потенцирајќи дека бројката од приближно 330.000 гласови е поттик за уште подобар резултат во вториот круг и за конечни промени!

sdsmVelesss (4)

Носителот на третата изборна единица, Марјанчо Николов истакна дека овојпат граѓаните ќе се одлучат за промените затоа што Македонија заслужува нов почеток.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче ја нападна платформата „12:05“: Шизофрен собир на пучисти, шемаџии и сателити на Мицкоски

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

СДСМ: Добивме опомена за тужба од АТС Груп и Шефшет Демировски, нема да се извиниме

Кузеска: Приватна фирма плаќа лобисти во САД за Мицкоски

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесе предлог-закон за финансиска поддршка на земјоделците

Ана Брнабиќ се обрати до ЕУ поради студентски предизборен спот: „На Вучиќ му се закануваат со силување“