(ВИДЕО) Заев од Прилеп: Груевски е фатен во нови лаги

Од:

Прилеп е градот на херојството во Македонија. Прилеп e градот којшто секогаш ја испраќал пораката на слободоумноста до цела Македонија. И еве денеска од овде, од Прилеп, нека се испрати пораката преку сите улици и маала, па преку Маркови кули до сите села и градови во Македонија. Нека се испрати пораката на Вистината за Македонија. Добредојдовте прилепчани во долго очекуваната македонска пролет, рече Зоран Заев вчера во Прилеп.

Велат дека Зоран Заев го урнисал безбедносниот систем на државата. Каков е тој безбедносен систем, почитувани граѓани, кадешто МВР е штаб на ВМРО-ДПМНЕ? Каков е тој безбедносен систем којшто штанца лични карти, повеќе од 100 илјади на број, само за избори? Зарем може да се уништи безбедносен систем којшто тие целосно го урнисале и дотолчиле?

Z.Zaev, Prilep

Сашо Мијалков реагира, вели дека сум издал државна тајна, дека Зоран Заев издал државна тајна. Од кога тоа соопштувањето на криминалите на власта е државна тајна? И нели тој е началник на Управа за безбедност и контраразузнавање, па вели дека тоа било набавка на оружје, опрема и други инструменти за специјалните единици. Па специјалните единици се под Бирото за јавна безбедност, што тој бара да органзиира набавки, дотации, провизии за специјалните единици?

Zaev, Prilep, 04.04.2015

Како тоа Светлана Костова којашто во моментот на разговорите вели се јавувам од зградата на Управен суд во Карпош, судијка е во тоа време, како тоа таа има сертификат за државна безбедност!

Лаги со опашки почитувани пријатели. Донациите, ако се донации, се регистрираат на посебни сметки, ги води државата. Ниту ги имало во Буџетот регистрирано за 2012, ниту пак за 2011 година. Како е можно да се спомнуваат провизии па да има дилема дали во кеш или во банки? Апсолутно лаги со опашки, почитувани пријатели.

Vistinata za Makedonija, Prilep

Велат дека Заев соработувал со странски служби, се изгубија во лагите. Може да ми стегнат уште една кривична пријава денеска оти сум во Прилеп, додека е пазарен ден. Па ќе кажат се пазари со странски служби Заев и ќе стегнат уште една кривична пријава. Но, нека стегаат кривични пријави крајот им дојде. Бегање нема. Готово е!

Prilep

И ајде заедно драги пријатели да го дочекаме денот, но и да го најавиме времето коешто доаѓа. Времето коешто ќе ја воскресне и слободата, и демократијата, и правдата којашто ќе ја воскресне и вистината. Доаѓа времето на нова иднина на Република Македонија!

Би можело да ве интересира

Мицкоски: СДСМ може да остане без ниту една општина – победата на ВМРО-ДПМНЕ е извесна

СДСМ: Загрижува омразата на Мицкоски кон семејствата на повредените и загинатите во трагедијата во Кочани

Обновување на форензички софтвер, нема набавка на „софтвер за шпионажа“, реагира МВР

Катерина Ѓуровски

СДСМ: МВРО-ДПМНЕ на старите патеки, МВР набавува сомнителен софтвер за прислушкување

СДСМ обвинува: ВМРО-ДПМНЕ вработува 50 свои луѓе во РЕК Осломеј

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Нула нови градинки за 4 години во Аеродром, околу 700 деца чекаат за запишување секоја година