(ВИДЕО) Заев од Осмомартовскиот марш: Слободата ја враќаме!

Од:

Во Тетово, по повод меѓународниот ден на жената, 8-ми март, Форумот на жени на СДСМ организираше традиционален Осмомартовски марш под мотото „Кој род се: слободата, вистината, иднината“. По завршувањето на маршот, пред насобраните се обрати претседателот на СДСМ, Зоран Заев.

„Е, ова е глетка над глетките. Е, ова е гордост над сите гордости. Е, ова е најубавата страна на Социјалдемократскиот Сојуз на Македонија. Нека се слушне на сите страни од Тетово до сите краишта на Македонија. Распукала Шар планина“, рече Заев.

„Овој Осмомартовски марш ја испраќа силината на пораката на жените на Социјалдемократскиот Сојуз. Слободата ја враќаме. Среќен 8-ми март, дами мои.

Ве гледам вака собрани, единствени, радосни, насмеани, со кренато чело. И ова е навистина ваш празник. Но, верувајте, и мој празник е, заради тоа што, ова е празник за очите. Празник за душата и за срцето.

Ова е празник којшто го заслужувате. Ова е, почитувани пријатели, и празник на нашите мајки. Сите имаме мајки. Ова е нивни празник. Но, сите заедно имаме една единствена мајка, со најубаво име, Македонија.

osmomartovskiMarsSDSM (3)

Денеска, оваа наша заедничка мајка пати и плаче по изгубените четири женски чеда. Четири велам, заради тоа што, нивното име е вистината, слободата, демократијата и иднината. Пекаа и чекаа исчезнатите чеда некој да и ги врати. Некој има обврска, повторно среќата во нашата мајка Македонија, да ја врати.

Затоа, почитувани пријатели, оваа обврска е на сите нас. Мораме да ги вратиме изгубените чеда на нашата мајка Македонија.

Овие денови, времето во Македонија е врнежливо. Некаде паѓа снег, некаде паѓа дожд, паѓаат и бомби кои најавуваат дека ќе паѓа и нешто друго. Ќе паѓа власта на Груевски и злосторничката дружина.

Овој Осмомартовски марш на жените на СДСМ и вели: Марш на власта, надвор на Груевски и злосторниците на Македонија.

osmomartovskiMarsSDSM (2)

Почитувани пријатели, ова е навистина голем празник. И на денешниот празник, секоја жена заслужува барем по една роза. Но, овие жени овде една роза носат во своите срца, не  еден ден, 365 дена во годината. И овие жени овде се горди носејќи ја оваа роза, заради тоа што, тие не велат „шу праиш“. Они прават, работат, се борат.

Сите заедно, мои дами, имаме задача, имаме обврска да се избориме, слободата во Македонија да ја вратиме. Ова е наша заедничка борба и заедничка битка.

osmomartovskiMarsSDSM (4)

Сите заедно, и Македонци и Албанци и Турци и Власи и Роми и Срби и Бошњаци, имаме задача и обврска, слободата и демократијата да ги вратиме во нашата земја“, изјави Зоран Заев.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Со Мицкоски и ВМРО нема поголеми плати ниту во Армијата

(ВИДЕО) Фрчкоски: САД носат специјален закон за Западен Балкан, следуваат и „црни листи“, а се најавуваат и можни санкции

СДСМ: САД ја суспендираат обработката на визи од 75 земји, меѓу нив и Македонија

(ВИДЕО) Филипче: Сѐ што најавивме се оствари, дупка од две милијарди евра, анти-ЕУ кампања за изолација

(ВИДЕО) Филипче: Без спроведени реформи нема укинување на техничката влада

СДСМ: Владата ја призна буџетската дупка од милијарда евра