(ВИДЕО) Заев од Ново Село: И јас и владата сме против рудниците под овие услови

Од:

Лично јас и Владата сме против рудниците и ќе направиме се за да го заштитиме здравјето и животот на нашите граѓани. Рудникот во Иловица, ниту е еколошки организиран, ниту имаат геотекстил, а сакаат со цијанид да ја лужат рудата, рече лидерот на СДСМ, Зоран Заев пред жителите на Ново Село.

Тој рече дека ова во Македонија е недозволиво и ставот на владата бил логичен и јасен.

– Овој наш народ живеел со својата пот, со земјоделската мака и со својот труд. Ние ќе отвориме перспективи со она што е наш, овде ресурс, а нашиот ресурс е нашиот народ, убавото сонце што Господ ни го дал, плодното земјиште овде што го имаме и љубовта кон струмичкиот регион и Република Македонија. Затоа, благодарам на транспарентите, заедно сме со вас, за здравјето и за животот на нашите граѓани, рече Заев.

Би можело да ве интересира

Рудникот „Скуриес“ на Халкидики почнува со работа, Иловица сè уште неискористен потенцијал

А1он

Бугарија го зајакнува рударството со ново наоѓалиште на бакар, Македонија сè уште не го користи потенцијалот на Иловица

„Трафигура“, најголемиот акционер во рудникот „Иловица – Штука“, ќе ја снабдува Германија со гас

Светот се подготвува за растечка потреба од бакар, Македонија дебатира за Иловица

Светските развојни банки ја засилуваат поддршката за критичните суровини, ЕБОР веќе присутна во Иловица

Европа инвестира во критични суровини, а Македонија треба да одлучи како ќе го искористи својот бакарен потенцијал