(ВИДЕО) Заев од Чаир: Ќе победиме и ќе го поразиме лажниот патриотизам на ВМРО-ДПМНЕ, ќе го поразиме и ДУИ

Од:

Заврши времето на национализмот што се уште го негува ВМРО-ДПМНЕ, заврши груевизмот, зад нас е, му ставивме точка. Заврши лажниот патриотизам. Живееме во 21 век, во ера на глобализација и дигитализација. Граѓаните ќе поддржат сериозна опција која гарантира европска иднина, ќе поддржат политичари кои носат храбри одлуки за доброто на сите, а ние покажавме дека патот по кој чекориме е вистинскиот и по него ќе продолжиме – правда, економија, екологија, спорт, единство, пријателство. Друг пат нема, друга алетрнатива нема, порача вечерва лидерот на СДСМ, Зоран Заев од граѓанската трибина во Чаир.

Заев најави победа, но, како што истакна, посилна и од 2016 година. Секој граѓанин, напомена, може да направи споредба како му беше до 2017 година и како му е оттогаш наваму.

– Покажавме дека имаме храброст за сé што беше важно за државата и денес им докажуваме на сите политичари дома и во регионот, дека народот ги наградува храбрите политики и политичари и затоа ќе победиме и се додека ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ продолжуваат со лажен национализам, ќе продолжат да губат“, рече Заев.

Осврнувајќи се на досега сработеното, тој потенцира дека земјава денес решава меѓународни прашања, има сојузници во сите пет соседни земји подготвени да помогнат во секое време, а целиот демократски свет е на наша страна.

Никој нема право да ги поништи договорите на пријатлество, подвлече Заев и го повика неговиот опозициски ривал Мицкоски јавно да каже за кое од клучните државнички прашања досега имал став.

-Ја разбирам нивната фрустрација. Немаа храброст за вистински одлуки, заедно да влеземе во НАТО, во ЕУ, да ја оправиме економијата. Мора да знаат дека падна едниот, сега ќе падне и другиот. Ќе падне режимот вмровски. Ќе ги победиме. Се разобличуваат како фасадите од стиропор и излегува нивното вистинско лице. Се обидоа со гнасна, валкана кампања, но им нема спас од Заев, ќе ме гледаат уште четири години. Компасот им е изгубен, а на шефот од Будимпешта му избега кормилото, рече лидерот на СДСМ.

Ќе победат, дополни, оние што носат одлуки без партиски калкулации.

-Ќе ги згазиме, повеќе од 100.000 гласови водиме. Ќе губите се додека негувате национлизам и лажен патриотизам, а ДУИ сега нов национализам ќе покажува. Тоа беше времето на Груевски, заврши, зад нас е. Сега е 21-ви век, време на дигитализација, а ние ќе се чукаме во градите кој е патриот. Патриот е тој што зголемува пензии и плати, што си подава рака, што гради единство, што го крева стандардот, што отвори 64.000 работни места и даде 300 отсто поголема социјална помош, згрижи 12.000 стечајци, тој што ги укина квотите за лекови и што за 40 отсто ја качи платата на лекарите, порача Заев.

Тој од Чаир упати порака и до младите – да не расмислуваат за надвор.

-Останете дома, јас ќе се борам, сите заедно ќе се бориме. Овде е предизвикот, овде ќе бидат реформите, овде ќе се европеизира државата, тука ќе се подигнуваат стандардите. Тоа е патриотизам. Се што направивме досега, секој ризик и храбра одлука беше за младите, за вас, за следните генерации. Ќе создадеме амбиент кој е веќе почнат, но тој амбиент ќе биде уште поуспешен за да ги вратиме и оние што заминаа, подвле Заев.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Во видео од неколку секунди излезе на виделина целото лицемерие, аздисаноста и лажната грижа за народот на СДС

Митева: Филипче, Заев и Ковачевски свесно ја втурнаа Македонија во црно сценарио, да биде оставена сама на Балканот и неинтегрирана

Политиката на свиткана кичма на Заев донесе штетни договори од кои и денес Македонија едвај глава крева реагира ВМРО-ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче и Заев се лицето и опачината на истата паричка – ортаци се во криминалот и корупцијата

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче не е нов лидер, туку чувар на фотелјата на Заев

Ковачевски за средбата со Заев и Ахмети: Зборувавме за настапот на партиите на изборите и за членството во ЕУ

Александар Тодески