(ВИДЕО) Заев: Обезбедуваме светски инфраструктурни стандарди за инвеститорите за брз и ефикасен транспорт

Од:

„Нашата цел е да обезбедиме светски инфраструктурни стандарди во индустриски зони за инвеститорите кои одлучиле да инвестираат во нашата земја и ќе продолжиме во таа насока“, рече денеска претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев, во изјавата за медиуми по увидот на градежни работи на новата клучка кај ТИРЗ Прилеп, заедно со министерот за транспорт и врски Горан Сугарески и директорот на Дирекцијата за трговско-индустриски зони (ДТИРЗ) Александар Младеновски.

„Со пуштањето во функција на водоводот и клучката за поврзување на ТИРЗ Прилеп зоната станува целосно функционална од аспект на големите инфраструктурни зафати. Инфраструктурните патни и други пристапни решенија се исклучително важни и за поттикнување на соработката и за поврзувањето на локалните компании со мултинационалните компании кои имаат инвестирано во ТИРЗ Прилеп“, истакна премиерот Заев.

Тој додаде дека покрај создавање на директни вработувања, компаниите во зоните го стимулираат локалниот економски развој во поширока смисла.

„Странските инвестиции отворија бројни можности за вработување на граѓаните, а на локалните компании им дадоа можност да станат нивни добавувачи и да станат дел од синџирот на снабдување. На овој начин расте стандардот на граѓаните и се отвораат се поголем број на работни места“, потенцираше претседателот на Владата на Северна Македонија, Заев.

Министерот Сугарески истакна дека македонската Влада е силно посветена во капитални вложувања во изминативе 3 години и дека за овој кус период е направено она што не е направено изминатите повеќе од 10 години.

„Градежништвото е двигател на македонската економија. Конкретно во Прилепскиот и битолскиот регион инвестициите во патна инфраструктура, гасификација, регионални поврзувања како и градењето на современиот ИКТ центар се близу 50 милиони евра“, нагласи Сугарески во неговата изјава за медиумите.

Директорот на ДТИРЗ, Младеновски рече дека градбата на масивниот инфраструктурен проект за ТИРЗ Прилеп е од витално значење и им овозможува на инвестициите кои веќе работат во полн капацитет, а и на сите нови компании кои ќе работат во оваа зона, брз, ефикасен и стабилен транспорт и поврзување со сите главни коридори за извоз.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Нема субвенции, нема откуп, нема мерки – земјоделците се оставени на цедило

Горан Наумовски

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври

Катерина Ѓуровски

Филипче со порака до Мицкоски: Доаѓа времето на вистината – ќе одговарате сите до еден!

А1он

(ВИДЕО) Наумоски: Договорот за Михаилова е само еден случај од многуте – одговорност од Тошковски затоа што никој не одговара!

СДСМ: Мицкоски го штити Тошковски, а граѓаните гледаат театар наместо одговорност за бегството на Михајлова

Горан Наумовски

СДСМ: Клековски се прави како да не е од тука, Ива Михаилова избега зашто Тошковски ја пушти, Муцински договори, а Мицкоски одобри

Горан Наумовски