(ВИДЕО) Заев: Обезбедуваме повеќе пари за граѓаните, Македонија е финансиски стабилна држава

Од:

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија и премиер, Зоран Заев вчеравечер учествуваше на граѓанска трибина на ОО СДСМ Кисела Вода.

Во своето обраќање пред присутните, претседателот Заев порача дека СДСМ преку Владата и парламентарното мнозинство што ги предводи, посветено работи на спроведувањето на зацртаните мерки што ги намалуваат трошоците за живот, обезедуваат повеќе пари кај граѓаните и повисоки плати.

– За само неколку месеци успеавме да испорачаме резултат и покрај тоа што наследивме катастрофлана економска сотојба. Од негативен тренд успеавме да обезбедиме економски раст. Вкупниот долг е намален, а Македонија денес е финансиски стабилна држава. Ја зголемивме минималната плата на 12 илјади денари со што ја отворивме спиралата на раст на платите и сега просечната плата е покачена за 5,6 проценти во споредба со минатата година. Следете го овој тренд, ви ветувам поголеми плати, и до крајот на 2019 година просечна плата од 500 евра, рече Заев.

Преку заштеди во Буџетот, додаде тој, ќе се ослободат средства за нови мерки што се во интерес на сите граѓани, како значително зголемување на социјланата помош, поддршка за нови работни места и вработувања за младите, како и стабилизација на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување.

– Посветено работиме на унапредување на стандардот на пензионерите, веќе ова лето ќе следи ново, второ за оваа година усогласување на пензиите. Пензиите мора да растат согласно растот на платите и трошоците за живот. Но, истовремено, мора да работиме и на санирање на штетите во ПИОМ и тоа ќе го направиме. Фондот сега има дупка од околу 500 милиони евра годишно. Со политиките што ги планираме и ќе ги спроведуваме, со отворањето на нови работни места и со економскиот раст очекуваме тој минус да се намали, а потоа и дупката од петстотини милиони евра да се затвори. Сигурни и стабилни пензии заслужуваат и сегашните, но и иднинте пензионери. Ние тоа ќе го обезбедиме, рече Заев.

Тој истакна дека недостигот на лекови на позитивната листа веќе во првата половина на месецот, ќе биде минато бидејќи наскоро се очекува нов Закон за лекови и медицински помагала со којшто ќе се надмине овој проблем.

„Со новиот Закон за лекови што треба да биде усвоен аптеките ќе добиваат вкупна квота за сите лекови и тоа значи дека нема повеќе да се соочуваме со проблемот од недостиг на лекови на 10 ти или 15 ти во месецот, туку лековите ќе бидат достапни во текот на целиот месец. Истовремено, со измените на Законот ќе се стави ред во пазарот на лекови, а за секој увозен лек ќе мора да се знае потеклото односно да има сертификат за анализа на квалитет, со што ќе се стави крај на сомневањата за квалитетот на одредени лекови“, рече Заев.

Заев зборуваше и за како што рече „успесите на меѓународната политика во изминатиот период, враќањето на земјата на интегративниот пат и градењето добрососедски односи со сите соседи“. Тој се осврна на придобивките за граѓаните од членството во Европската унија и во НАТО.

„Членството во НАТО не обезбедува само безбедност и стабилност туку обезбедува нови работни места и повисоки плати. Само почетокот на преговорите со ЕУ обезбедува пристап до нови структурни фондови, зголемени субвенции и повеќе пари за државата, за граѓаните. Вистински патриоти се оние што ќе донесат подобар и поквалитетен живот за своите граѓани“, порача Заев.

Затоа, додаде тој, внимателно ги водиме процесите, градиме пријателства со соседите, за да ги решиме отворените прашања што со години не влечеа надолу, преку дијалог, почитувајќи се меѓусебно.

– Ве повикувам да ме следите. Нашиот идентитет ќе биде обезбеден, а ќе биде обезбедена и иднината на нашата земја и нашите граѓани, додаде Заев.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Четири години локална власт во Кисела Вода предводена од ВМРО-ДПМНЕ, четири години развој на општината

Османи: Владата предводена од Мицкоски сака да ги врати Албанците на нивните периферни позиции од пред Рамковниот договор

Горан Наумовски

Ѓорѓиевски: Повеќе од 20 спортски терени се изградени изминативе четири години во општина Кисела Вода

Мицкоски: Веднаш по изборите ќе има реконструкција на Владата

Митева: ДУИ кога e на власт работи на еден начин, а кога е во опозиција бара нешто друго

Левица: Додека со донации се лечат повредените од Кочани – владата на ДПМНЕ троши милиони за кафе и ЕКСПО 2027

Горан Наумовски