(ВИДЕО) Заев: Неприфатливо е Груевски, носител на режим, да биде решение за кризата

Од:

Не може за никого на светот, па ни за нас да биде прифатливо човек кој бил носител на режим и кој ја предизвика кризата, кој прислушуваше десетици илјади граѓани, затвораше новинари, опозиционери и други невини луѓе, кој е осомничен за финансиски криминал, најголем во поновата историја на Македонија да биде решение за кризата. Ние ги повикавме сите чесни граѓани, патриоти, и нивни симпатизери да ја коментираат нашата програма. Тој треба да е подготвен да премине во опозиција. Зад себе имаме 67 пратеници, зад кои стојат 700.000 гласови. Сега следува само демократско предавање на власта и ништо друго, рече лидерот на СДСМ Зоран Заев во интервју за Ал Џезеира Балканс.

Во врска со документот што го најави Груевски, што неговата партија го подготвила како решение за кризата, Заев рече дека времето за каков било документ е веќе завршено.

– Само програмата на новата Влада е решение. Тој ќе се соочи со документи и докази за криминалите направени во негово време, но тоа е работа на независните институции. Единствено решение е да дозволи мирен, демократски трансфер на власта, бидејќи со кочењето на процесите ја турка Македонија во немило сценарио. Време е после 10 години да бидат конструктивна опозиција со која сакаме да соработуваме, но само така можеме да ги туркаме процесите за граѓаните и иднината на нашата земја. Остануваме во институциите, треба да се формира нова влада и ВМРО-ДПМНЕ треба да оди во опозиција. Да се зборува дека Македонија ќе биде уништена затоа што тој нема да е на власт, тоа е далеку од здрав разум – рече Заев.

За закажувањето на собраниската седница, но и за изборот на претседател на Собранието, Заев рече дека иако барањата на претседателот Иванов се неразумни, тие сепак ќе ги следат демократските принципи и сите процеси ќе ги водат преку институциите.

– Оваа програма покажува дека нема никаква Тиранска платформа или какви било други платформи или документи, туку само програма на идната влада на Македонија која е 100 отсто во интерес на сите граѓани, го јакне уставното уредување и ги потврдува евроатлантските интеграции на земјата. Кога не успеаја да формираат Влада и мандатот беше даден на втората партија со најмногу гласови, тогаш таа беше означена како проблем – рече Заев.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Фрчкоски до ДПМНЕ: АКТ ви дише во врат, ќе ја ослободиме Македонија од вашиот криминал!

Горан Наумовски

СДСМ: Владата нема пари за бесплатен јавен превоз, филтри, еколошко греење, еколошки проекти и за итни интервенции

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Во СДС можете да најдете буквално сѐ што не може на друго место

СДСМ: ЕУ ја суспендирала ИПАРД 3 програмата поради корупцијата на ДПМНЕ

Горан Наумовски

СДСМ: САД најавуваат закон за санкции за Вучиќ во Србија, дали Мицкоски мирно спие?

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Кузеска: Измените на Законот за странци нов доказ за вистината