(ВИДЕО) Заев повика на бојкот на изборите на 5 јуни

Од:

Една од нашите препознатливи атрибути во целиот овој период е конструктивноста во процесот, ние рековме не гледаме алтернатива надвор од Dоговорот од Пржино. Ќе дадам коментар, ако се поништуваат вакви акти на министрите Фросина Ременски и Оливер Спасовски, зошто не се поништени сите исплати на Ставревски, зошто не се поништени сите исплати на Министерството за информатичко општество, на земјоделство, затоа што и тие немаат потпис на дополнителен заменик–министер, и не требало да имаат, не се однесуваат за изборите. Решенијата коишто се донесени од самите министри може да бидат обжалени од страна на лицата на коишто се однесуваат пред ДИК и бараат пред Уставен Суд свои постапки. Не е надлежност на Владата.

Тука има прекршување на законот. Истовремено неовластен е предлагачот, дополнителен заменик–министер без разлика дали е тоа, Диме Спасов или Митко Чавков, до Влада може да предложи само министер. Апсолутно целото ова како и да го гледате, како една комплетна какафонија, создава само еден основен елемент за безобразието и дрскоста на власта. Ние сме овдека да бидеме и совеста на општеството. Ќе се избориме во име за сите принципи за коишто се залагаме, транспарентно пред целата Македонска јавност, и ќе видите дека власта само се подлабоко влегува во кашата, којашто секако сама ја замати, одговори Заев на прашањето дали договорот од Пржино е веќе целосно укинат.

Во продолжение сите новинаски прашања и одговори:

П2: Да се задржиме сепак на тоа, на договорот од Пржино. Дали всушност повеќе не е на сила, дали тоа што се случи досега значи дека всушност повеќе не се на сила условите коишто вие, односно на вас ви беа поставени, т.е на опозицијата со овој договор. Дали во иднина би продолжиле да ги објавувате бомбите?

Ако биде уништено СЈО, и ги вратат матријалите, Зоран Заев ќе продолжи да ги објавува прислушкуваните материјали. Истовремено, како што рековме, ќе ги употребиме сите алатки и механизми коишто ни стојат на располагање. Јас ги замолувам новинарите, да го прашаат Никола Груевски, Сашо Мијалков, Гордана Јанкуловска и сите други, зошто до ден денеска ги немаат предадено прислушкуваните матријали на СЈО. Многу важен моментум на којшто сите заборавивме. Денеска од било кога, со почеток на Прибе –извештајот, работа на СЈО, и сето она што е сознание меѓу јавноста, знае кој тоа слушал во Република Македонија. Што стана со странските служби, со шпиунажата, со жолтите комбиња, тактичките опреми, каде ги снема? Тоа е само уште еден аргумент плус за безобразието на власта. Власт којашто со овие последни чекори посегнува се со конечна цел, да ја спаси прво својата кожа, а секако и да продолжи да ја манипулира јавноста. Вистината е толку силна и незапирлива и таа ќе излезе. Замолувам, ние имаме трпение, да имате и вие трпение. Македонија ќе се врати на граѓаните и повторно граѓаните ќе бидат власт во Македонија.

П3: МВР беше единствената институција на којашто СЈО не се пожали дека ја саботира. Дали се покајавте со тоа што ги повлековте вашите министри, затоа што практично СЈО сега е оставено само на себе?

Јас мислам дека СЈО не е оставено само на себе, за жал перцепцијата којашто и вие за да оформите вакво прашање, а и кај дел од граѓаните, е токму тоа, е поради безобразието на власта, да ги поништи сите овие решенија коишто би требало да бидат професионална асистенција на СЈО, но и на сите институции во Република Македонија. Јас верувам дека СЈО ќе ја продолжи својата работа, согласно Устав и согласно Закон, и верувам дека неговата работа не може да биде никако попречена. За ништо не се каеме, за одлуките коишто ги имаме донесено, вклучително и за оваа одлука. Како што знаете моментот којшто не води е вербата во принципите во коишто веруваме и опстојуваме. Се додека се бориме за тие принципи, се дотогаш ќе бидеме на вистинската страна. Ако се откажеме од тие принципи ќе се откажеме и од нашата Македонија. Тоа е недозволиво за опозицијата, тоа е недозволиво за било кој од граѓаните во Република Македонија.

П4: Г-дине, Заев дали преговарате со некоја од албанските политички партии, за да ви се приклучат во фронтот ?

Ние знаете дека одржавме работни состаноци многу транспарентно пред вас новинарите, со неколку политички партии од албанскиот блок. Јас ги повикувам сите, сите опозиционо позиционирани политички партии, и сите полиитчки партии коишто сметаат дека зад овие принципи треба да застанат. Заев е шеф на опозицијата и претседател на најголемата опозициона партија, ние го изготвивме текстот, но ова е документ за коишто рамноправно, еднакво ќе застанеме сите. Не ги повикувам само политичките партии, ги повикувам сите здруженија, сите организации, сите синдикални здруженија, ги повикувам сите граѓани интелектуалци, работници, и невработени, професионалци, секој да застане зад оваа платформа. Ова се универзални вредности зад коишто треба да застанеме, сите граѓани на нашата Македонија.

П5: Што велат информациите на СДСМ, за состојбата за прочистување на избирачкиот список, имајќи го предвид фактот дека од тоа зависат условите за изборите да бидат кредибилни, фер и демократски?

Ова се два документи, два последни извештаји на коишто работи ДИК, анализите до каде се дојдени до синоќа. Го знаеме ова затоа што имаме двајца наши претставници во ДИК, и впрочем вчера одлучивме, и дека тие треба да останат таму. За по закон и по методологија да се заврши постапката до последниот ден на проверка на избирачкиот список, а тоа е согласно член 43, став 3 од Изборниот законик, еден ден по распишување на изборите. Ако остане Трајко Вељаноски, претседателот на Собранието, дека ги распишува изборите на 15 април, тоа значи дека до 16 април, треба да биде завршена проверката на избирачкиот список. После тоа имаме десетина дена, достава до статистика, заради регрупирање по адресните податоци, луѓе коишто немаат број, мора да бидат упатени на кое гласачко место гласаат. Од 25-ти по мои сознанија почнува јавниот увид што трае до 9-ти мај. Од 10-ти мај почнуваат 5-те дена право на ДИК да се обрати до политичките партии. Политичките партии имаат 5 дена да направат забелешки за бришење, дополнување или слично. ДИК има три дена да одлучи по жалба. После жалбата правото на политичките партии во 24 часа, имаат право на тужба до Управниот суд, а Управниот суд има право на одговор во период до 24 часа. Тоа е роковникот. Зошто? Заради тоа што изборите 2011 година беа на 5-ти јуни и беа распишани на 15-ти април. Роковникот е веќе јасен, согласно закон што постоел и тогаш и сега. Се што досега е сработено ни кажува вака: со matching на прашањата 1, 2, 3, 4 и 5, Министерство за правда и МВР, она што досега го имаат доставено, се контатира, досега: 3.490 мртви односно починати лица, тие треба да се избришат. Од теренот, од тоа што досега го имаат одработено за бришење се 10.938 гласачи. За со ѕвездичка или гласачи со право на глас или коишто живеат надвор од државата се 27.317, потврдени се 12.173. Од сите 87.000 или 89.000 колку беа за терен треба ДИК да допровери уште 36 922. МВР знам дека уште работи. Се надевам дека ќе ги достават податоците конечно кадешто се потврдува дека тие 71.973 имаат документи. Тоа дополнително го отвара проблемот на прашањето зошто не се појавуваат во ниту една од 10-те дата бази на податоци од 2009-та наваму, а ги има во избирачкиот список. Тоа значи дека терен мора да се направи проверка за 71.973. Посебно упатените знаат, ако се знае податокот дека има околу 25.000 издадени пасоши или патни исправи коишто немаат лична карта. Еден дел се малолетни лица и тоа е ок, 5.500. Но, преку 19.000 полноленти граѓани имаат пасош со македонска адреса без лична карта. Апсолутно ова е податок за фантоми, фиктивни или по закон кажано луѓе кои се на избирачки список, а не треба да бидат на избирачки список. Сите овие во најмала рака ќе утврдат уште 52.000- 53.000 за со ѕвездичка. Логично, неколку години ги нема во Македонија, а ги има на избирачкиот список, имаат документи, освен овие 19.500 се во странство. 124-те илјади конкретно за проверка треба да има 107.000. Зошто? Затоа што веќе 17.000 во вкрстените бази се поклопуваат. Овие 107.000 мора да бидат проверени. Дали директно преку МВР со граничните премини, па после согласно правилник и методологија, сепак треба да бидат проверени. Но, на крајот податокот покажува како и да се движат по закон и методологија, зборувам за податоците, повеќе од 40.000 не треба да бидат за избирачкиот список, а се на избирачкиот список. Некаде околу 176.000 треба да бидат во вториот дел од избирачкиот список како дополнение на тие 68.000 или 72.000 што досега ги има дека се со ѕвездичка и се надвор од државата. Дополнително ДИК да работи на вкупна бројка по сите основи на овие бази, терен, институции и 124-те илјади. Вкупно 232.715 гласачи да провери. Затоа ние знаеме дека не може до 16-ти да се стигне со проверката на избирачкиот список и затоа знаеме дека конечно избирачкиот список ќе покаже нешто над 1,5 милион гласачи коишто живеат во Македонија со право на глас. Некаде повеќе од 260.000 гласачи коишто имаат право на глас, но живеат надвор од државата. До денеска бројката е 1.812.000 гласачи. Во моментов Македонија нема избирачки список, а зборуваме за избори на 5-ти јуни. Бројката мора да биде сведена на реалност, по закон и по методологија. Тогаш граѓаните ќе веруваат дека ќе има регуларни избори. Од прочистен избирачки список зависи регуларноста на изборите. Затоа опозицијата нема намера да учествува на нерегуларни избори. За фер и демократски избори мора да се направат реформите во медиумите и да се раграничи партијата од државата. Од тука, тоа што досега го осознаваме се фрапантни податоци коишто треба во име на вистината да и бидат соопштени на Македонија кога ќе заврши комплетната проверка, согласно закон и да се знае од сите страни на граѓаните дека: “е сега мојот глас ќе биде глас и ќе вреди. А не да ни се појавуваат луѓе како што ни се појавуваат во претходните избори. Фантоми да гласаат и некој да гласа со украден идентитет на нашинец којшто живее во странство. Тоа повеќе нема да го дозволиме.

П6: Повикавте на општ бојкот на изборите. Дали очекувате да се зголеми притисокот на меѓународните посредници, заедница како сакате наречете ги врз вас, бидејќи имаме сознанија дека и во изминатиов период сте биле под притисок. Второто прашање и врзано исто за овој момент. Претпоставувам дека решени сте дефинитивно дека не одите на избори? Бидејќи Парламентот е само распуштен. Владата е со ограничен или технички мандат. Единствената институција во државата што уставно може да функционира е Претседателот на државата и ДИК со оглед на Договорот од Пржино. До кога мислите дека ваква ситуација е можно одржлива?

На крајот на денот ни е нашата Македонија и нашите граѓани. Тие се конечната власт во државата. Буквално е каша во државата, посебно во правен аспект. Според мене, јас не сум правник, и не ме земајте за збор, но тоа што го слушам и еве ќе го цитирам професорот Шкариќ по уставно право. Тој вели вака: ,,Прво се распишуваат изборите, а после тоа се распушта Парламентот. Претседателот на Собранието своето право за одлука за распишување на изборите го црпи од својот пратенички мандат којшто е еднаков на мандатот на сите пратеници.“ Јас знам дека во понеделникот имаат претседателство закажано и знам дека ќе се договараат на точка патување на членовите на претседателството, претседателот и потпретседателите. Функционираат некои пратеници во Собранието. Треба правниците, ја повикувам и стручната јавност да се зафатат со ова прашање и да кажат правен излез од оваа ситуација. Ние знаеме што тоа треба да браниме. Ако опозицијата замолчи и ги затвори очите пред овие бројки коишто пред малку ги соопштив што да чекаат граѓаните во град и село ширум Македонија? Ние се бориме прво за регуларноста на процесот, после за фер и демократски избори. Регуларноста зависи од прочистување на Избирачкиот список. Тој Избирачки список барем денеска во времето во коешто живееме после активностите на Специјалното јавно обвинителство, после проектот Вистината за Македонија, после јавно објавениот список од Државната изборна комисија, посилна потврда дека треба да се прочисти Избирачкиот список не постои, барем транспарентноста тоа го покажа. Штом ќе биде прочистен Избирачкиот список, штом ќе ќе бидат направени реформите во медиумите и ќе има исчекор за разграничување на партијата од државата, ние одиме на избори и ќе ги победиме, ќе ги згазиме. Заради тоа што и го направиле на нашата заедничка Македонија. И тоа ќе заврши. Затоа уште еднаш потврдувам ние знаеме дека промени ќе се случат во Македонија. Нема никаде во светот некој да даде капитулација и повторно тој да се врати. Ни па некаде некој да ги уништи европските, универзалните вредности, човековите права и слободи и да чекаме тој да се врати, да ги возобнови?! Промените ќе се случат, но регуларноста на процесот е трајна придобивка на Македонија. Ова прочистување на Избирачкиот список не е само за овие избори. Ќе биде почеток и за наредни избори, за после само да се допрочисти. Ова е трајна придобивка, одлучивме сите заедно потпишувајќи договор во Пржино, гласајќи го законот во Собранието, формирајќи Државна изборна комисија како независна институција, дека оваа работа не е заради Заев и Груевски, заради граѓаните мора да ја завршиме. И сега да трчаме на избори кога гледаме дека не е завршена?! Не, ќе опстоиме до крај и ќе ги докажеме сите наши аргументи зад коишто стоиме од почеток до крај.
Јас сум транспарентен човек и зборувам секогаш отворено. Не сум имал присоток од претставниците на меѓународната заедница, разговараме на основа на аргументи. Аргументите се на маса. Може ли претставник на демократска Европа и на демократска Америка, гледајќи ги овие факти, да прави некој вид на притисок. Не разговараме, дали минимум шанси постојат во некое можеби делумно прочистување на Избирачкиот список, нема делумно прочистување на Избирачкиот список. Или ќе го прочистиме или не го прочистуваме. Ако се обидува ДИК да надгласа политичка одлука на објективни аргументи и факти, тогаш ќе мора Македонија да излезе со 1 милион 808 илјади гласачи наместо 1 милион 812 илјади, тоа не е прочистен Избирачки список. Ако не треба да се избрише ни еден, нека не се избрише, ако треба 5, 5 нека се избришат, ако треба 500 илјади, 500 илјади да се избиршат. Тоа е фер шанса за секој граѓанин. На денот на изборите ќе излезам и јас ќе влијаам со мојот глас. Ако не, што правиме со 100, 150 илјади коишто некој ги трупал?! И што вреди мојот глас. Основата на демократијата е тоа и затоа платформата се вика Платформа за демократска Македонија, зад којашто застануваме сите и уште еднаш ги повикувам сите да застанат заради тоа што повеќе не се работи за лични аспирации или лични цели, се работи за Македонија и нејзината иднина.

П7: Тоа што не ги повлековте вашите медиуми од ДИК во дел од медиумите беше протолкувано како да оставате простор дека сепак може да одите на избори на 5ти јуни…

Транспарентноста во постапката не потврдува во тој дел дека знаеме да бидеме целиот овој период и конструктивни ама и да се залагаме до крај за принципите на коишто стоиме. Ако постои некој на основа на овие аргументи, со сето она што ДИК треба да го сработи, зборувам по закон и методологија, шито повеќе, ништо помалку, ќе ги побијат нашите аргументи и ќе паднат нашите принципи во таков случај. Принципите и аргументите се пресилни и остануваме да ги потврдуваме таму. Оти ако не се претставниците на опозицијата таму, тогаш може се да се случи. Ставил Заев потпис во името на сите овие луѓе, во името на граѓанските организации во тој момент кога беше Пржино, и во името на многу граѓани коишто се опозиционо настроени, а верувам и на многу неопределени граѓани дека овие услови ќе ги трукаме до крај, додека не бидат исполнети. Бегањето ќе значи наше бегање од тој дел. Ние рековме на 5ти јуни не одиме на избори и рековме зошто не одиме на избори. Но, истовремено процесот мора да тече, оти овој процес ќе заврши со избори, а без слободни избори рековме нема слобода. Оттука остануваме до крај верни на принципите и заложбите каде што стоиме, каде што стои нашиот потпис и се залагаме.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Митрески: Досега се нема случено во историјата на Собранието, ниту еден амандман да не е прифатен

(ВИДЕО) Тренчевска: ДПМНЕ одби амандман на СДСМ за изградба на пречистителна станица за отпадни води

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски повторно демонстрира лицемерие и паника по консолидацијата на СДСМ

Мицкоски „не е импресиониран“ од новото раководство на СДСМ

Каранфилова-Пановска: Убедена сум дека ќе го вратиме угледот, поддршката и победите на СДСМ

Конгресот го избра новиот состав на Централниот одбор на СДСМ

А1он