(ВИДЕО) Заев: Нема да дозволиме организирање на уште едни криминални избори!

Од:

За нас, за граѓаните на Република Македонија и за меѓународната заедница Уставот беше прекршен на 24 декември 2012 година. Тоа е потврдено со потписите токму на двете политички партии, вклучително и на претседателот на комисијата Борче Давитковски, рече претседателот на СДСМ, Зоран Заев.

„Морам да кажам дека Груевски е тој кој уште во март месец избега од предвремени парламентарни избори. СДСМ никогаш не бега од избори.

– Ние сме секогаш подготвени да учествуваме на избори, но потенцирам, никогаш повеќе нема да дозволиме организирање на уште едни криминални избори!

– Затоа, го повикувам Груевски,  директно, не формално, туку суштински, заедно со опозицијата и пред се со институциите на системот, да се вклучат во прочистување на Избирачкиот список до крај и во вградување на сите препораки од ОБСЕ и на ОДИХР во изборното законодавство.

– Тоа е исто така препорака од мартовскиот договор и наша обврска како земја.

– Штом тоа ќе биде завршено, веднаш можеме да го прецизираме терминот за одржување парламентарни избори и со најбрзата процедура за организација на ваквите парламентарни избори.

– Треба да знае и Груевски, но и граѓаните дека во фер и конкурентни натпревари и создадени услови, на секого ќе му биде јасно колку лесно ќе биде поразена оваа власт“, изјави Зоран Заев.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Младеновска: Црни владини кампањи како обид за прикривање на реалноста

(ВИДЕО) Филипче: Владата на Мицкоски ја загрози егзистенцијата на земјоделците

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

СДСМ поднесе иницијатива до Уставен суд за Законот за внатрешни работи

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Поповиќ: Колку треба да поскапи лебот за Мицкоски да преземе мерки?