(ВИДЕО) Заев: Нема да дозволам уште едни нефер и нерегуларни избори

Од:

Јас сум денеска овде да слушнам и да научам. Многу значајна недела е, според нашите проценки, за Македонија. Благодарам на поканата на граѓанските организации, но не може пусто срце да не искоментира нешто освен тоа што го слушаме овде. Разноликоста носи многу новини, некогаш дури и не сме свесни од колку драгоцено значење, рече во своето обраќање претседателот на СДСМ, Зоран Заев на граѓанската дебата „Слободно општество и социјална правда“ организирана од Граѓаните за Македонија.

Ќе кажам неколку примери, барем мои лични. Бев кај Богатинова, бев кај Латас. Знаете дека нивните колеги им пуштаа пораки додека траеше интервјуто? Некои луѓе имаат одредено ниво на својата слобода, некои луѓе веќе се одважиле, на којшто им симнувам капа, од којшто и учам.

Значи да не веднаш ги напаѓаме перцепциите на луѓето и начините на нивните перформанси борејќи се за тоа што денеска сите го создаваме.

Драгоцено е тоа што го создале граѓанските организации, таа беше и причината зошто СДСМ и политичките партии ги повлековме од Граѓаните за Македонија. Сите имаме свои удели и своја одговорност во општеството.

Не сте свесни колку сте постигнале. Да, може и ние сме постиганале, но граѓаните постигнаа.

Целиот овој период имавме огромни придобвки којшто ги спомнувам затоа што треба да ни бидат мотивација, дека треба трпеливо секоја различност да ја оставиме да плута едноставно и да си го даде својот ефект за да секако на крајот имаме комплетно поклопување на коцките во целиот мозаик.

Што сме создавале? Верувајте, и во медиумскиот простор и во медиумите, дури верувам и оние 100 евра разлика за некои новинари што отишле таму, треба и тие да добијат шанса да го видат моментот дали ќе биде комплетна контрола или пак може и пак ќе се одважат. Оставете ја разноликоста во определбата на другите, за да може на крајот сите тие разноликости да бидат придобивка за државата.

Има успеси, има Специјално обвинителство во Македонија. Тоа не го барал Заев, ние баравме разрешување на Зврлевски и на Јован Илиевски. Но, целата артикулација на разноликости помогна да има Специјално Јавно Обвинителство. И тоа е првата независна институција што ја создадовме, којашто испраќа неколку кратни пораки, шанса да се враќа правдата во државата.

Втората независна инситутиција е Државната Изборна Комисија, која досега се одважува. И таа испраќа многу значајна порака, дека може со многу трпение , работа и посветеност во целиот овој период да имаме барем приближно фер, демократски и регуларни избори. Или дај Боже да имаме регуларни, фер и демократски избори.

_MG_2285

Меѓу другото, ќе кажам, јас додека дишам како шеф на опозицијата нема да дозволам уште едни нерегуларни избори, па што сака нека биде. Посебно кога гледам вакви дебати надвор од партијата.
Третата независна институција мора да биде Агенцијата за медиуми (АВМУ). Мора да биде. И ќе се создава таа, вака или онака ќе се создава, бегање од тоа нема. МРТВ исто така.

Четвртата ќе е правосудството. Мора. Тргнаа работите. Не ни се бендисува тоа што можеби нема притвор. Впрочем, пак да прашам, на 5-ти март студенти притвараа. Ги бркаа по библиотеките за да ги затворат студентите!

По градација по Кривичниот законик , злосторничко здружување заради уништување на едно од највозвишените права – слободно изразена волја на граѓаните е највисоко конкретирана. И тие луѓе коишто се осомничени за тоа, не се во притвор. Какви се аршините на судот што одлучува? Да ги пуштат веднаш сите притворени луѓе во Македонија. Мора да ги пуштат сите, заради тоа што сите се со пониска градација од злосторничко здружување. Треба да ги пуштат сите што се во притворите.

Таа порака е порака на охрабрување. Ќе дојде време ќе се одважат сите. Можеби не на прва, можеби не на втора, не на трета, но работи, тоа расте како квасец. Треба да бидеме свесни дека тоа се случува во Македонија. И велам, денеска сум овде да слушам, заради тоа што ниту знам дали Хан ќе не вика таму, дали друг ќе ме гледа. Но знам каде одам, кои се ставовите. Не само на мојата партија и не само на коалицијата која што ја водам.

Сега слушнав многу убави работи, денеска, кои што ќе бидат од помош. Се надевам дека ваквите дебати ќе ги има се почесто во Македонија, како што кажа професор Најчевска, се повеќе сме.

Јас денеска сум политичар, можеби гори во мене еден граѓански активист, но мојата определба е определба во тој дел. Но ја користам и оваа можност со овие покани да бидам присутен овде, заради тоа што мора да создадеме граѓанско општество. Меѓу другото, има да ја рушиме власта, затоа што тоа ни е задача, тоа ви е задача, ако треба преку тоа да ја срушите прво опозицијата ако не чини, за да ја срушите власта. Тоа е задачата на граѓанскиот сектор.

Ние ќе гледаме да ги тргнеме канџите на политиката, оти тоа што значи слободоумност, конкретна, во граѓанскиот сектор. Така треба да биде, и треба да бидеме различни. Можеби некој пат ќе бидеме еднакви во одредена цел. На 17-ти мај, заедно политички партии и граѓански организации беа, заврши проектот и готово.

Може некој пат пак ќе бидеме заедно но, секој има своја улога во општеството. Согласно тоа сакам како политичар, којшто ја води опозицијата да нотирам дури и да забележам, не можат сами политичките партии од опозицијата да ја издвојат оваа победа. Не можат ниту сами граѓанските организации, нитус високо мотивираните со љубов кон татковината новинари, интелектуалци, универзитетски професори. Сите имаат своја различна цел, претпоставувам. Сите имаат свои начини како да ги постигнат тие свои цели, но, на крајот како што гледате конечната цел на сите ни е еднаква, секој на свој начин треба да си ги заврши работата.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Митрески: Досега се нема случено во историјата на Собранието, ниту еден амандман да не е прифатен

(ВИДЕО) Тренчевска: ДПМНЕ одби амандман на СДСМ за изградба на пречистителна станица за отпадни води

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски повторно демонстрира лицемерие и паника по консолидацијата на СДСМ

Мицкоски „не е импресиониран“ од новото раководство на СДСМ

Каранфилова-Пановска: Убедена сум дека ќе го вратиме угледот, поддршката и победите на СДСМ

Конгресот го избра новиот состав на Централниот одбор на СДСМ

А1он