(ВИДЕО) Заев: Нека се охрабрат чесните во Обвинителството

Од:

„Денеска сме во Основното јавно обвинителство, присутен сум како оштетена страна и сведок по основ на поднесената пријава од страна на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија.

Иако знаете дека јавно изразивме сомневање и непризнавање на правосудниот систем на Република Македонија, сакам да потенцирам дека пријавата којашто ја поднесовме е од причините коишто и претходно ги посочивме, да оставиме трага, да покажеме дека ги почитуваме Уставот и законите на Република Македонија, истовремено да испратиме порака дека знаеме дека дигнитетот на институцијата Обвинителство како и другите правосудни органи е нарушена само од поединци“, рече претседателот на СДСМ, Зоран Заев.

„Поголемиот дел од луѓето кои работат во овие институции, вклучително и Јавното обвинителство, се чесни луѓе кои чесно си ја извршуваат својата професија и во тоа име сеуште продолжуваме да негуваме надеж дека ќе постапат исклучиво по законите и Уставот на Република Македонија, ниту повеќе, ниту помалку.

Со тоа ќе испратат силна охрабрувачка порака за ова наше општество, ќе испишат историја и ние тоа јавно ќе го поздравиме. Се надевам дека ќе се враќа довербата во институциите, во правосудството, паралелно со вистината во Република Македонија“, изјави Заев.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Партиските редови денес се почисти, а ЗНАМ се фали со своите нови платеници

А1он

СДСМ: Според ММФ, Македонија е меѓу последните европски економии според БДП по жител

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче: Македонија на дното, 41 место во Европа – ММФ ги разби бајките на Мицкоски за трета економија

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: СДС е спотер, а сватот на Али Ахмети акционер

(ВИДЕО) Поповиќ: Мицкоски е во паника за Алта банка – по моделот на Вучиќ сака да ја замолчи опозицијата

СДСМ: Мицкоски панично ја брани банката на Вучиќ, сака да се заташка случајот