(ВИДЕО) Заев: Не предвидовме дека Македонија е душмански ограбена и здробена

Од:

Не предвидовме колку е здробена државата, финансиски урнисана и душмански ограбена, па затоа не успеавме да реализираме некои од предвидените проекти, рече премиерот Зоран Заев од собраниската говорница на седницата за интерпелација на Владата. Тој додаде дека власта останува и нема да се жали.

„Не сакаме да земаме кредити од стотици илјади, па со тоа да расте долгот, од кој што е вратен еден процент. Ние сме во време на враќање на огромни долгови. 280 милиони евра за ‘Скопје 2014’, 60 милиони евра за здравството, 50 милиони евра во Министерството за внатрешни работи, 30 милиони евра во Министерството за одбрана и така натаму“, рече Заев.

Премиерот во одговор на пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Крсто Јовановски за отпуштените вработени во државни институции, тврди дека сè што прават е законски, а отпуштени се само работници кои биле со договор на дело. Заев пропустот го гледа кај претходната власт, велејќи дека таа требала да им даде решенија за вработувања. ​

К. Ландов

Би можело да ве интересира

Албуљена Хаџиу е избрана за претседател на Собранието на Косово

Горан Наумовски

Собранието ја донесе Стратегијата за безбедност на сообраќајот и над 40 закони по скратена постапка

A1on

Собранието ја изгласа потребата од Закон за проверка на странските инвестиции

Арљинда Хасани Синани e нова вицегувернерка на Народната банка

Горан Наумовски

Собраниска „виза“ за изменување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги

Гаши: Блокадата на ДУИ е политичко, а не процедурално прашање