(ВИДЕО) Заев: Наша обврска е да ја вратиме средната класа

Од:

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Зоран Заев денеска ја промовираше изборната програма пред бизнис секторот во Струмица.

„Како најголема опозициска партија имаме обврска и одговорност да ја вратиме средната класа. Стопанството не може и не смее да биде поданик на политката“, рече Заев и додаде:

-Нашата програма најавува едно ново поинакво утро за сите, концепт кој се темели за враќање на парите назад кон граѓаните, зголемување на потрошувачката моќ кај секој граѓанин кој е двигател на развојот и растот на нашето стопанство, од кое што конечен бенефит имаат стопанствениците.

На средбата на која присуствуваа голем број стопанственици од Струмица, за економскиот дел на изборната програма зборуваа и кандидатите за пратеници на СДСМ и коалициските партнери, Марјан Даскаловски и Панче Орцев.

5

4

3

2

1

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Жерновски: Кривични пријави против СДСМ за ширење паника кај Мицкоски

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Од Мицкоски до Славески – сите инволвирани во Алта банка мора да одговараат!

Филипче: СДСМ поднесува кривични пријави за Алта банка, бандата ќе одговара

(ВИДЕО) Лукаревска: Вториот ребаланс не носи ниту економски развој, ниту подобар животен стандард за граѓаните

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

СДСМ: Славески призна дека Мицкоски одлучил за влезот на Алта банка, бараме итна истрага