(ВИДЕО) Заев: Националистичката забеганост на Груевски и Ахмети не отрезни сите

Од:

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, се вклучи во дискусијата на тема „Граѓанското општество и мултикултурните дилеми – се случува ли нешто ново во Македонија?“ којашто денеска се одржа во Кампот на слободата.

Треба да исправиме неправди кои се случуваа години наназад. Се сеќавате Груевски кога викаше ми треба поддршка за 62 пратеници за да не зависам од Албанците? Тоа беше кулминација, која предизвика дополнителен поттик, остана во потсвеста на сите нас и денеска ни помогна на сите кои учествуваме во “Граѓаните за Македонија“.

Бомбите не ја открија само корупмпираноста на власта, колку е таа националистичка, колку тоа Груевски стануваше се повеќе Александар Македонски, а Али Ахмети стануваше Скендер Бег, туку истовремено бомбите не отрезнаа сите и ни го поттикуваат тоа чувство кое нема да го испуштиме-тоа е дека живееме во мултиетничка земја кое може да е голема предност за сите нас, рече Заев.

Ни помогнаа и Никола Груевски и Али Ахмети, во нивната националистичка забеганост, не отрезни сите, сега да бидеме заедно. Бомбите помогнаа, но најголемата помош доаѓа од ова наше заедничко опстојување, рече Заев.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Стојаноска за средби Заев-Мицкоски: Не можам ниту да потврдам ниту да демантирам

Александар Тодески

Фирми на Мијалкови и на Трајче Заев должат четири милиони евра за ДДВ: Кои се најголеми должници на УЈП

Орце Костов

Гаши ја потврди средбата со Заев

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Џамбаски: Димитар Ковачевски му го носеше кафето на Заев, името му е бугарска Али Експрес верзија

Орце Костов

Заев: 75 % од граѓаните се против референдум за договорот со Бугарија, останатите 25 % се вмровци

Маја Илиевска-Пачемска

Стоилковски: Дали луксузните имоти во кои престојуваат Заеви во Дубаи се нивна сопственост?