(ВИДЕО) Заев во Дебар: Минималната и просечната плата за 4 години ги зголемивме за околу 6.000 денари, невработеноста ја намаливме на 16 отсто

Од:

За овие четири години, СДСМ презеде низа одлучни чекори кои донсеа еднаквост, интеграција, напредок, но и подобар економски стандард за сите, порача вечерва претседателот на СДСМ, Зоран Заев на граѓанската трибина „Најдоброто за нашата општина“ во Дебар.

„Заборавивме дека пред четири години минималната плата беше 9.000 денари, беше потценета, денес таа е 15.284 денари, тоа е минимална плата, но таа минимална плата направи притосок за покачување на сите плати. Просечната плата од 22.500 е 28.480 денари, покачена е за скоро 6.000 денари. И продолжуваме понатаму, новите мерки не водат до таму како да обезбедиме повеќе пари за граѓаните. Денеска Северна Македонија е стабилна држава, ликвидна, финансиски солвентна и може да се натпреварува со економиите од земјите од регионот“, кажа лидерот на СДСМ.

Заев се осврна и на странските инвестции и нивната улога во растот на економијата и намалувањето на стапката на невработеност.

– Имаме 34 инвестиции, компании од сите индустрии кои отворија свои капацитети овде ширум државата. Во моментов, преговараме со 30 нови компании кои отвораат над 15.000 работни места. Кога ја презедовме власта стапката на невработеност беше 26 отсто, денес таа изнесува 16 отсто и правиме се за уште повеќе да се намали и се надевам дека уште оваа есен ќе имаме капацитетност на сите млади да им понудиме веднаш да тргнат на работа, посочи претседателот Заев додавајќи дека и во време на коронакризата, се спасија работни места, платите не се намалија туку напротив, тие растеа, а пензиите се исплатуваа дури и пред време.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Штерјова: Орце не може да го исчисти ниту „Расадник“, лаже дека ќе исчисти цело Скопје за 72 часа

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче: Аеродром не заслужува да изгледа како депонија, време е за промена со Александар Трајановски

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Трајановски: Аеродром се соочува со сериозни инфраструктурни предизвици

Герасимовски: Реконструиравме над 24 улици, безбедноста подигната на највисоко ниво

(ВИДЕО) Филипче: Павел Иванов е симбол на храброст и чесност, Штип заслужува лидер како него

Горан Наумовски

ЗНАМ до Герасимовски: Дали кандидатите за советници имаат право да градат без одобрение за градба