(ВИДЕО) Заев на Конференцијата за ран детски развој: Апелирам за еднакви можности на сите деца и одговорност кон децата, денес!

Од:

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев заедно со министерката за образование и наука, Рената Дескоска и министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска присуствуваше на Конференцијата за ран детски развој во земјите од Западен Балкан во организација на Светска Банка.

„Детскиот живот навистина е како парче хартија. Секој на него остава белешка. Какви белешки ќе оставиме во животите на нашите деца?! Од тоа зависи какви генерации ќе израснеме и какви поколенија ќе оставиме зад нас и за нашата држава.

Свесни сме како Влада на Република Македонија колку е важен раниот детски развој во формирањето на личноста.
Тие деца еден ден треба да бидат успешни лекари, професори, вредни работници и работодавци, чесни судии, политичари. Тие деца, кои и да се тие, независно дали живеат во Република Македонија, Западен Балкан, Европа, Африка, Америка, каде и да е во светот, сите тие се НАШИ ДЕЦА. Затоа што ниеден човек на планетата земја не може сам. И затоа што има нешта кои се заеднички.

На сите во светот ни е потребен мир и напредок.

Тогаш, на сите ни се потребни здрави генерации, што можат да ги понесат одржливите развојни цели, за коишто зборуваме во секоја прилика. А важни се и за нашата тема“, истакна Заев во своето обраќање.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Секој денар од ребалансот е инвестиција во иднината

Пратениците не изгласаа недоверба на српската Влада

Горан Наумовски

Левица: Ако економијата расте, зошто Владата постојано зема нови кредити?

ДУИ: Три странски инвеститори си заминаа за две години, Владата да каже колку работници останаа без работа

Владата ја продолжи кризна состојба за нафта и нафтени деривати до 20 октомври

ВМРО-ДПМНЕ: Владата инвестира 5,4 милиони евра во нови работни места