(ВИДЕО) Заев: На ДУИ и се потребни четири години во опозиција за да се реформира

Од:

На 15 јули го бираме правиот пат, а не обновата на режимот. Бираме обнова, но на инфраструктурата, на патиштата, капиталните објекти, канализации, гасификации и изградба, порача денеска носителот на листата на кандидати за пратеници на коалицијата „Можеме“ и претседател на СДСМ Зоран Заев во Прилеп.

Заев рече дека носат одлуки и решенија во интерес на граѓаните и на државата.

„Затоа нема сомнеж дека на 15 јули граѓаните ќе одберат да продолжиме по правиот пат и нема да дозволат обнова на режимот“, вели Заев.

На прашањето кој е неговиот став за Насер Зибери, кандидат на ДУИ за премиер, Заев рече дека ќе повтори, ова е уцена и не е здрава ниту за државата ниту за ДУИ. Партијата треба да помине во опозиција.

„Денеска ќе повторам дека тоа е уште еден шпицен кандидат. Немаме ништо лично против човекот, но влегувањето, во текот на кампањата, во ваквата уцена на ДУИ, нема да им е од корист ниту нему, ниту на ДУИ. На ДУИ им се потребни четири години поминување во опозиција за да се реформира. По 17 години, за државата е здраво да оди во опозиција, а верувам, дека и тие ќе сфатат дека е тоа и за ДУИ за да поминат во опозиција и да се реформира“, изјави претседател на СДСМ Зоран Заев.

Нагласувајќи дека за три години се градеше според план, Заев ги потенцираше достигнувањата во Прилепско.

-Се градеа патишта, инфраструктура, капитални објекти кои за луѓето, од една страна живот значат, а од друга страна има барок, стиропор и провизии. Еве ме во Прилеп, до патот спрема вештачкото езеро, област особено важна за прилепчани. Особено сум горд што нашата одговорна власт го реконструираше со нов асфалт и ова е првпат да се реконструира, а е изграден уште од времето на Тито. Ние ја реконструиравме инфраструктурата што цели пет децении стоеше недопрена и беше оставена во заборав од режимот, изјави Заев.

Заев истакна дека градат според план, за што говори и овој, како што рече, капитален проект, ИКТ Центарот за потребите на МВР. – Изградивме модерен, функционален ИКТ Центар. Ова е значаен капитален објект од важност за целата држава, лоциран токму во Прилеп. Овој проект, финансиран од нашите партнери од ЕУ и со државни пари е значаен за безбедноста, за зачувување на интересите на граѓаните и интересите на Република Северна Македонија, бидејќи во случај на катастрофи, дигиталните податоци ќе може тука да се зачуваат и системот без проблеми да функционира, рече Заев пред ИКТ центарот во Прилеп.

Сериозни зафати се изведени на браната на Вештачкото езеро.

– Се прави реконструкција на темелниот испуст на браната кој не бил променет уште од 60-тите години на минатиот век. Се решава децениски проблем на земјоделците од овој регион кои имаат доволно количества вода за наводнување на земјоделските површини. Овде во Прилеп и низ целата држава на дело ја гледаме посветеноста на СДСМ да ги решава децениските проблеми, да го унапредува квалитетот на животот за сите граѓани, за разлика од ВМРО-ДПМНЕ, изјави Заев.

Би можело да ве интересира

Мицкоски рече дека тој побарал да се блокираат исплатите за ИПАРД, СДСМ вели дека лаже

Катерина Ѓуровски

Николовски: Власта крие, ИПАРД програмата е стопирана

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Дали е точна информацијата дека никој не сака да му се нафати на Филипче да му биде во раководството на СДС?

(ВИДЕО) Кузеска: Македонија е на дното по стандардот на живеење, власта не ни помислува на покачување на платите

А1он

Николовски: Во ризик се 128 милиони евра – поради корупцискиот скандал на власта, ЕУ најавува стопирање на ИПАРД

Андоновска: СДС да се дистанцира од Филипче и Заев, на Македонија и треба силна опозиција