(ВИДЕО) Заев-Мускат: Поддршка од Малта за старт на преговорите со ЕУ

Од:

Малта дава силна поддршка на Северна Македонија за датум старт на преговорите со Европската унија во октомври, рекол премиерот на Малта Џозеф Мускат на средбата со премиерот Зоран Заев, што се одржа во Њујорк, по повод учеството на Генералното собрание на ОН.

– Премиерот Заев разговараше со неговиот колега од Малта за позитивниот моментум за почеток на пристапните преговори на ЕУ со нашата земја, имајќи ги предвид оптимистичките заклучоци на Советот во 2018 и 2019 година, како и резултатите што ги испорача Северна Македонија на планот на домашните реформи и на постигнување на стандардите за членство во ЕУ. На средбата премиерот Мускат истакна дека Малта дава целосна и силна поддршка за Северна Македонија за датум за старт на преговорите со ЕУ во октомври, соопшти владината прес-служба.

Оттаму дополнуваат дека заеднички и особено позитивно е оценета засилената политичка комуникација меѓу двете земји по воспоставувањето на дипломатските односи на највисоко ниво.

Заев и Мускат се согласиле дека треба да се зајакнат економските односи меѓу двете земји, како и соработката во образованието и културната размена, и да се поддржи соработката меѓу главните градови Скопје и Ла Валета во насока на размена на искуства во областа на инфраструктурата, заштитата на животната средина, економскиот развој.

Нагласено е и дека зајакнувањето и на билатералната парламентарна соработка е од извонредно значење за двете земји.

На средбата учествуваа и вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи и министрите за надворешни работи Никола Димитров и за здравство Венко Филипче.

Би можело да ве интересира

Османи: Владата предводена од Мицкоски сака да ги врати Албанците на нивните периферни позиции од пред Рамковниот договор

Горан Наумовски

Мицкоски: Веднаш по изборите ќе има реконструкција на Владата

Митева: ДУИ кога e на власт работи на еден начин, а кога е во опозиција бара нешто друго

Левица: Додека со донации се лечат повредените од Кочани – владата на ДПМНЕ троши милиони за кафе и ЕКСПО 2027

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Јанковиќ: Молк во Владата по објавувањето на скандалот со милионските проневери во Еразмус+

Мицкоски: Никогаш нема да се повлечеме од преговори со ЕУ, цел на оваа Влада е државата да стане дел од Унијата

Горан Наумовски