(ВИДЕО) Заев: Мора да има теренска проверка и чист избирачки список

Од:

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, заедно со претседателот на СДММ, Стефан Богоев, денеска разговараа со младите од Радовиш за младинските проблеми и решенијата од програмата на СДСМ.

Претседателот Заев во обраќањето пред младите посочи дека она што и се случува на Република Македонија, што им се случува на младите, е последица на погрешните политики на некој што благодарение на изборна измама и лаги се одржувал на власт.

Младите зборуваа за секојдневните проблеми но сакаа да слушнат и како ќе се реши проблемот со стотиците илјади спорни и фантомски гласачи, што ја попречуваат слободната волја на граѓаните, на младите.

-Кога излегоа фантомите и спорните гласачи на виделина почнаа да бегаат од теренска проверка. Мора да има теренска проверка согласно метологијата што ја утврдија и ја поддржаа сите членови на ДИК. Без прочистување на избирачкиот список нема фер, регуларни и демократски избори. Затоа нема дилема. Стоиме на браникот на правичноста, на вистината. Тоа што е за теренска проверка мора да оди на теренска проверка. Се друго е неприфатливо, рече децидно Заев.

Зборувајќи за мерките од програмата на СДСМ, претседателот Заев посочи дека заедно со младите, заедно со граѓаните, се поставуваат темелите на Република Македонија по промените.
Секоја година, премиерот ќе доаѓа во населеното место, како ова, во Радовиш, и ќе се проценуваат потенцијалите. Преку Јавно приватно партнерство државата ќе инвестира заедно со приватниот бизнис за отворање на работни места со просечна плата не помала од 29 илјади денари.

-Ќе отвориме бизнис инкубатори во сите региони. Секој млад човек, што има бизнис идеја да отвори свој бизнис државата ќе го поддржи со неповратни 10 илјади евра, рече Заев.

На крајот од обраќањето претседателот Зоран Заев им порача на младите дека промените ќе се случат на слободни, фер и демократски избори.

-Ова е моментот на ставање на темелите на иднината на нашата земја. Ако има прочистен избирачки список и реформи во медиумите на 5-ти јуни ќе се случат промените. Ако не, штом има прочистен избирачки список и реформи во медиумите, тогаш ќе се случат изборите, рече Заев.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Жалам што дел од партиите легитимираа корумпирана и изолирана власт на лидерска средба

Горан Наумовски

Мицкоски за неучеството на СДСМ на лидерската средба: На политичката сцена празен простор не останува, ако се повлечете некој ќе го запоседне

(ВИДЕО) Филипче: Ме обвинија за рекет за цела болница, дека сум убиец на 300 деца – сега ќе ги тужам

А1он

(ВИДЕО) Младеновска: Во Македонија има 100.000 невработени, а Владата ќе носи 10.000 странски „економски работници“

А1он

СДСМ: Владата на Мицоски ја отвори вратата за 10.000 странски работници

(ВИДЕО) Жерновски: Мицкоски ја стави целата држава на црната листа