(ВИДЕО) Заев: Конечниот избирачки список треба да има помеѓу 1.550.000 и 1.580.000 гласачи

Од:

Овој договор што се постигна е пред `се и над се поголем договор за граѓаните на Република Македонија и е излез од политичката криза. За СДСМ е поволен Договорот којшто го постигнавме заради тоа што ги обезбедува чекорите за исполнување на минимум двата услова, а тоа е минимум регулација на медиумите преку формирањето на ад-хок телото, но секако и допрочистување на Избирачкиот список онолку колку што е можно, изјави претседателот на СДСМ, Зоран Заев.

Со овие две фази очекуваме избалансирано известување на медиумите, очекуваме почитување на професионалните стандарди, етичките кодекси, не ширење омраза од страна на медиумите во Република Македонија се со конечна цел да дадат подобро изразување на слободна волја на граѓаните.

Истовремено процесот ДИК што треба да го заврши во наредните 30-тина дена, а на крајот ќе го констатираме ние лидерите на четирите партии, треба да го предочи конечниот Избирачки список за наредните парламентарни избори којшто конечно нема да биде 1.813.000 или 1.804.000, туку ќе биде помеѓу 1.550.000 и 1.580.000. Тоа е веќе нешто ново, нешто фер, целосно се отстранува можноста да се злоупотребат евентуално гласачи во Избирачкиот процес, дополнително и тоа ја гарантира слободно изразената волја на граѓаните.

Од тука би сакал да појаснам дека Социјалдемократскиот сојуз, целиот овој период се обидува да стави крај на историската голгота и застрашувачката деструкција на виталните државни и национални интереси на современата држава Република Македонија од страна на Никола Груевски и неколкумина околу него.

Граѓаните на слободни и демократски избори ќе го покажат патоказот по којшто ќе се движиме во годините на нашите најголеми предизвици и искушенија. Сакал Никола Груевски или не, граѓаните имаат право на слободни и демократски избори и таквите избори набрзо ќе се случат во Република Македонија, рече Заев.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: СДС пак молчи за скандалите на Филипче со Заев

Лефков: Дали јахтата на која плови Филипче е на Заев и чини 850 илјади евра?

Човекот на фотографијата што ја објави Лефков, не е приведениот за подметнување пожар, реагира СДСМ

Катерина Ѓуровски

Возачот-потпалувач бил со Заев кога ги носеше „бомбите“ во СЈО, ВМРО-ДПМНЕ со фотографија тврди му бил близок

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ обвини дека уапсениот за подметнување пожар е шофер на Заев: Возеше инспектори, не сум го видел од 2016 одговара екс премиерот

САД и ЕУ постигнаа трговски договор

Горан Наумовски