(ВИДЕО) Заев: Ќе објавиме за Никола Младенов, затворањето на А1, Мартин Нешковски, името и лустрацијата…

Од:

Објавените снимки од разговори меѓу владини функционери се само 10 отсто од она што го има опозицијата како доказен материјал против владејачката гарнитура на ВМРО-ДПМНЕ, рече лидерот на СДСМ, Зоран Заев за време на гостувањето во „Ал Џезеира Балкан“. Тој најави дека следат бомби за Никола Младенов, за затворањето на А1 телевизија, за убиството на Мартин Нешковски, за лустрацијата, но и за манипулациите со името и како што рече тој „какво предавство е направено“.

– Со овие докази ќе ја откриеме вистината која е скриена во Македонија. Груевски во моментов сака да ја вовлече неговата партија и Македонија за да ја заштити неговата кожа. Ја замајува и лаже јавноста дека тоа се некои странски служби кои прислушувале со комбиња. Но ние сме мала земја, што тие странски служби сакале да откријат, нуклеарни бомби? Драго ми е што денес Павле Трајанов нивен коалционен партнер и поранешен министер за внатрешни работи, докажува дека тоа го правела власта. Тоа не може странска служба да го прави, тоа се приказни за мали деца. Се знае кој може да прислушува 20.000 луѓе, тоа е голема операција, конектираност со телекоумикациски оператори – рече претседателот на СДСМ.

Осврнувајќи за на снимките од претпоследната бомба, кои наводно докажуваат како премиерот, Никола Груевски, рече Заев, се стекнал со околу 14.000 м2 атрактивно земјиште во елитната населба на Водно, Заев рече дека со овие докази се разобличува еден од митовите на премиерот, а кој се однесува на неговата безгрешност.

– Еден од митовите на Груевски, кој ги создаде изминативе 9 години, е оној на чесноста. Ние го отворивме пакетот на чесноста на Груевски, тоа е мал сегмент од она што е врзано за него кога се работи за неговите мегаломански амбиции. Тоа е еден од чекорите кои ќе го разобличат. Ќе видите дека не е само уништена слободата, демократијата, туку колку е во врвот на партијата е вгнезден криминалот и корупцијата. Тие се мафијата во оваа држава. Ќе видите каде се криела смислата на нивното владеење. Тоа не е единствениот дел каде Груевски навлегувал лично, што се направил за да дојде до маркици кои вредат повеќе, при тоа уништувајќи ја Општина Центар. Се случија таму апсења на претседавач на Совет, уцени на советници, се за лична цел и корист – посочи Заев.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Бесмислена и нефункционална е мерката на Владата за објавување на цените

А1он

СДСМ: Истрагата за Кочани е селективна, се штитат директно одговорните за трагедијата

А1он

ВМРО-ДПМНE: Филипче, Заев и СДС да одговорат како се стига до златна виза во Дубаи

А1он

СДСМ: На Велиген власта остави работници од повеќе институции без плата

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Да се извини Филипче и СДС што го лажеше народот дека „Бугари во Устав” се единствениот услов за напредок на државата

СДСМ: Со апсење само на поранешни полицајци истрагата за Кочани станува фарса