(ВИДЕО) Заев: Имаме решенија за проблемите во здравството

Од:

„Здравството тоне во нашата земја. Сé повеќе недостасува лекарски кадар. Сé повеќе има недостаток на опрема. Недостасуваат медицински материјали. Граѓаните сé повеќе плаќаат во оваа наша земја, а добиваат сé помалку и сé полоши услуги.

630 милиони евра се потрошени за споменици, а според европската здравствена служба, Македонија е најлоша во здравствената заштита во цела Европа“, рече на денешната прес конференција, претседателот на СДСМ, Зоран Заев.

„Социјалдемократскиот сојуз заедно со граѓаните гради платформа со којашто тврдиме дека состојбите во Македонија можеме да ги промениме во секое поле, така и во здравствената заштита. Имаме намера да ја укинеме партиципацијата за децата до 16 години, а секако, да ја укинеме партиципацијата и за социјално загрозените личности во нашата земја.

Истовремено, мора да го подигнеме квалитетот на работа на лекарите и во делот на условите и во делот на финансиските приходи коишто лекарите како причина ги издвојуваат за нивното заминување од Македонија.

Мораме да создадеме општество во коешто ќе има еднакво достапна здравствена заштита за сите граѓани во оваа наша земја.

Јас тврам дека градејќи ја оваа платформа заедно со граѓаните, ќе изградиме општество со коешто сите ќе се гордееме“, изјави Заев.

Би можело да ве интересира

СДСМ со прашање до ВМРО: „Дали сте вие нормални?“

ВМРО-ДПМНЕ: Бидејќи СДС викаат дека Филипче не е во Дубаи, да ги прашаме дали изиграва елита со Заев по луксузните алпски зимски центри Сент Мориц и Гармиш-Партенкирхен

Горан Наумовски

СДСМ: Кога ќе ја објавите фотографијата од Дубаи, лажговци?

СДСМ: Последната фаза од кампањата на ВМРО – Репресија и политички прогон

Горан Наумовски

СДСМ: Следите, а не објавуваве фотографии од Дубаи, затоа што ги нема

Политичка прозивка од ВМРО-ДПМНЕ: Нова година по дубајско време