(ВИДЕО) Заев и Груевски: Исчекор кон политички дијалог?

Од:

Претседателот на СДСМ Зоран Заев и премиерот Никола Груевски договорија во наредните денови директно да комуницираат за да се најде конечно решение за Анкетната комисија за расветлување на настаните од 24 декември.

И опозицијата И новинарите беа избркани од Собрнието, но анкетната комисија е еден и од условите за евроатлантските интергации.

И власта и опозицијата се виновни за невоспоставениот политички дијалог досега. Ваквите средби треба да бидат пракса со што ќе се отвори простор да дебатираме за теми кои се од национален интерес за Македонија – изјави претседателот на СДСМ Зоран Заев по едночасовната средба со премиерот Никола Груевски.

На новинарско прашање кои владини проекти ги смета за успешни, Заев не даде конкретен одговор, туку посочи дека е подготвен како лидер на опозицијата да даде поддршка за се’ што е добро за државата, но и дека тоа ќе му даде легимитет да го критикува сето она што не е добро.

Опозицијата ќе биде конструктивна за што е интерес за Република Македонија, но жестоко ќе реагира на се што не е добро за државата.

Заев не сакаше да коментира дали со Груевски разговорале за спорот за името со Грција и прашањата поврзани со партијата која ја предводи како и идната улога на досегашниот лидер Бранко Црвенковски. На средбата со Груевски, Заев рече дека не пиеле кафе, туку вода.

Петар Клинчарски

Би можело да ве интересира

СДСМ се приклучува на протестот против насилството врз жените, маршот за 8 Март откажан

Горан Наумовски

Филипче: Стратешките одлуки на СДСМ ја обезбедија евроатлантската интеграција

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела

СДСМ: Мицкоски Ad hominem, De Facto – De Jure Вучиќ

СДСМ: Мицкоски, граѓаните имаат мозок – Македонија сака во ЕУ

А1он

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците