(ВИДЕО) Заев: Господине Пишев, кога ќе го платите данокот на имотот?

Од:

Како претпоследен ден од кампањата, дозволете да дадам одговор на стилот и начинот на кампања кој политичкиот противник ја води. По валкана, по подмолна, по гнасна кампања – не може никој да измисли. Само ДПМНЕ, и се е можно. Газеа по честа и достоинството на моите родители, на моето семејство… Издржав на нозе. Заборавија во меѓувреме дека сето тоа само зборува за нив – кои се и какви се. Барем ги потсетија луѓето, кои се всушност моите политички противници! Рече Зоран Заев.

Господа од ДПМНЕ! Збеснавте во ова кампања, рече, се надминавте себе си. Во вашата кампања се препознава омраза кон нашиот сопствен народ. Го донесовте прво на просјачки стап, а сега удривте, го згазнавте неговото достоинство. Кроткиот наш народ, му се заканувате, притисок му правите, го уценувате.

Ќе ја извади ракавицата народот во недела и ќе удри и ќе боли. Но најмногу ќе ве боли сопствената шлаканица. Зарем никој не ви кажал дека таа најмногу боли? Се помодривте себе си во ова кампања од сопствените шлаканици!

Како господине Пишев сакате да ја водите општината? Вие донесовте закон. Пет години имавте законска обврска да го пријавите имотот на вашата фирма за да плаќате данок на имот, како и секоја друга фирма. Го сторивте ли тоа? Заборавивте? Зарем и водата и струјата заборавивте да ги платите? А за изградба на Соборниот храм, дониравте ли нешто, голем бизнисмену наш? Трајче кој стои на раскрсницата пред Глобал и чека другите да му дадат – УПЛАТИЛ! А Вие? И тоа го заборавивте? Голема почит кон Струмица сте иамле! Браво! Машала! Образованието Ваше го дозавршивте ли? И тоа го заборавивте!

Би можело да ве интересира

Ана Брнабиќ се обрати до ЕУ поради студентски предизборен спот: „На Вучиќ му се закануваат со силување“

Мерц по поразот: „Повеќе немаме задоволителни одговори на премногу прашања“

ДУИ: Ја поздравуваме подготвеноста на ВМРО-ДПМНЕ за предвремени парламентарни избори

Предраг Петровиќ

Илјадници луѓе ширум Србија чекаат во ред да ја поддржат листата „Александар Вучиќ – Обединета Србија“

Вучиќ: Ќе поднесам оставка на 25 или 26 септември, во кампањата ќе настапам како обичен граѓанин

Горан Наумовски

Мицкоски: Нека поднесе опозицијата барање, ќе одиме на избори и ќе победиме