(ВИДЕО) Заев: Ги повикувам сите граѓани утре на протест, да го одбраниме Уставот

Од:

СДСМ се приклучува на масовниот протест пред Уставен суд, најавен за утре, од граѓанските организации, ова го кажа Зоран Заев на денешната прес конференција.

– Срамните одлуки на партиските инсталации во Уставниот суд се обид да се амнестира изборен криминал и изборна измама. Хаосот во избирачкиот список го потврди она што го покажа и Вистината за Македонија. Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ не само што ги краделе парите на граѓаните туку го краделе и нивното основно право на слободен глас, на слободен избор. Намерата да се амнестира овој огромен изборен криминал ги загрозува темелите на правниот и уставниот поредок врз коишто почива државноста на Република Македонија, рече Заев.

Основен принцип на демократијата е владеењето на правото.Законот мора да важи за секого подеднакво. Секој што го прекршил мора да одговара.

– Македонија не смее да молчи. Да не дозволиме да се урнат темелите на правото и правната држава. Да не дозволиме простор за амнестија на криминалците. Повикувам на одбрана на Уставот! Повикувам на одбрана на правдата! Повикувам на одбрана на вистината!

Ве повикувам вас, граѓаните, професорите, лекарите, работниците, новинарите, возачите, градежниците, наставниците, земјоделците, студентите, пензионерите…Ве повикувам сите, заедно да застанеме во одбрана на Уставот и уставниот поредок во Република Македонија.

Утре, вторник, 15-ти март, граѓанската индивидуална и колективна свест нека го води маршот од пред Влада, преку Собрание до Уставниот суд, рече Заев.

Протестот ќе започне утре во 18 часот со марш од пред Владата на РМ, ќе се поминува пред народната канцеларија на престедателот, па Собранието на РМ и ќе заврши пред Уставниот суд каде ќе има бдеење пред судот и каде ќе се чекаат судиите кога доаѓаат на работа.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Ме обвинија за рекет за цела болница, дека сум убиец на 300 деца – сега ќе ги тужам

А1он

(ВИДЕО) Младеновска: Во Македонија има 100.000 невработени, а Владата ќе носи 10.000 странски „економски работници“

А1он

СДСМ: Владата на Мицоски ја отвори вратата за 10.000 странски работници

(ВИДЕО) Жерновски: Мицкоски ја стави целата држава на црната листа

СДСМ: Владата на Мицкоски води отворена анти-ЕУ кампања

СДСМ: Со Мицкоски и ВМРО нема поголеми плати ниту во Армијата