(ВИДЕО) Заев: Од оградата може да се направат убави клупи за седење

Од:

Премиерот Зоран Заев најави дека една од првите мерки на новата влада ќе биде тргањето на железната ограда што ја обиколува Владата.

Новиот Премиер веќе ги отвори портите на Владата, но за целосно отстранување на оградата, како што кажа, треба да се види во законот за јавни набавки.

-Од бетонските столбчиња може да се направат клупи за седење, металните огради можат да бидат добар покривач на самите клупи, но да видиме што ќе кажат архитектите и инжинерите, вели Заев.

Тој вели дека неговата намера и интенција е да се отвори Владата за сите бидејќи тоа е објект каде што граѓаните треба да имаат слободен пристап.

– Тоа е објект каде што граѓаните треба слободно да пристапат, слободно да комуницираат, да бараат информации, сугестии и да биде практично отворено и функционално за она што значи отворена Влада за граѓаните, рече Заев.

Оградата која чини околу 700 илјади евра беше поставена во септември 2015 година.

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

Заев и Ципрас загрижени за порастот на националистичкиот популизам, ќе работат на зачувување на Преспанскиот договор

Орце Костов

(ВИДЕО) Стојаноска за средби Заев-Мицкоски: Не можам ниту да потврдам ниту да демантирам

Александар Тодески

Фирми на Мијалкови и на Трајче Заев должат четири милиони евра за ДДВ: Кои се најголеми должници на УЈП

Орце Костов

Гаши ја потврди средбата со Заев

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Џамбаски: Димитар Ковачевски му го носеше кафето на Заев, името му е бугарска Али Експрес верзија

Орце Костов

Заев: 75 % од граѓаните се против референдум за договорот со Бугарија, останатите 25 % се вмровци

Маја Илиевска-Пачемска