(ВИДЕО) Заев: Нема да дозволиме задолжување од 650 милиони евра, апел до банките да не ја купуваат обврзницата

Од:

 
Слушате денеска, читате, објавена е одлука на Влада за емитување на нова евро-обврзница од 650 милиони евра. Притоа безобразието е толку големо од страна на власта, ниту се обидува да го презентира транспарентно расходниот дел на тие пари. Каде ќе одат тие пари? На купче велат за враќање на недоспеани и серфисирање на дефицитот за оваа и наредната година. Приказни за мали деца, рече Зоран Заев, во обраќањето на Летниот Камп на СДММ.
 
Тоа е недозволиво и ние ќе направиме се тоа да го спречиме.
 
Ова е почитувани млади луѓе  финансиско злосторство врз вас младите и тоа не смееме да го дозволиме.  Ова е нов вид на злосторство, така наречено финансиско злосторство.
 
Да се дрзне некој да оди вака бесрамно во ново задолжување од 650 милиони евра, ние тоа не смееме да го дозволиме.
 
Од тие причини јавно апелирам преку овие камери, власта да ја промени одлуката од 650 милиони евра на не повеќе од 250 милиони евра. За тоа и ќе се потрудиме да имаме разбирање. Го кажувам јавно затоа што знаеме дека оваа Влада е неразумна и троши буквално забегано на глупости. Дојдено е да мора 250 милиони евра да се земат кредити, заради тоа што ќе банкротира државата. Но, 650 милиони евра ново задолжување на граѓаните, тоа е недозволиво.
 
Јавно апелирам и замолувам и до „Сити Банк“, и до „Дојче банка“ и до сите потенцијални купувачи на обврзницата. Во името на децата на граѓаните на Македонија да не ја купуваат оваа обврзница ако сакаат да имаат разбирање за сите идни генерации во Република Македонија.
 
За да не се случи тоа Владата треба да ја корегира одлуката и  да не биде повеќе од 250 милиони евра. Ќе напрвиме се да го спречиме овој процес. Ако не го спречиме преку емитување, ќе го спречиме преку неговото трошење. Затоа што и на малите деца и на врапчињата им е јасно дека оваа банда е во заминување, а државата останува на граѓаните.
 
Оттука, покрај овој важен моментум којшто се случува со евро обвзницата, сакаме да испратиме порака до сите дека секој разумен човек во Македонија знае што всушност се случува.
 
После вистината за Македонија, после толку граѓани на улица со месеци и месеци, после целата сериозност и трпение, дојде време оваа криза да заврши. Кризата ќе заврши со вклучување и вградување на сите нас граѓаните коишто си ја сакаме Македонија.
 
Една од работите која што ми дава сила целиот овој процес, не само процесот и вистината за Македонија, туку и да седам со вакви нерационални луѓе на преговори од другата страна, коишто и самите не знаат што сакаат или кој е излезот за нив, издржав заради вас. Од вас јас црпам лично и храброста и енергијата и мотивот којшто ме води во целата оваа работа.
 
Знам дека и вие токму тоа го правите.
 
Кога зборувам дека нашиот мотив е Македонија а нивниот е да не одат во затвор, тој мотив Македонија сте вие. Младите генерации кои ни давате најсериозна обврска ако сме лидери на опозицијата да водиме, ако сме пратеници да се бориме, ако сме ликови од шарената револуција да го правиме тоа на најдемонстративен начин колку што знаеме и умееме, ако сме граѓански организации да дадеме прилог.Но, ако сме активисти на СДСМ да бидеме пример за секој млад човек што значи храброст, одважност ипред се љубов кон татковината во којашто сме родени и живееме. Главата горе другарчиња и другари мои, доаѓа среќно време за сите нас.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Митрески: Досега се нема случено во историјата на Собранието, ниту еден амандман да не е прифатен

(ВИДЕО) Тренчевска: ДПМНЕ одби амандман на СДСМ за изградба на пречистителна станица за отпадни води

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски повторно демонстрира лицемерие и паника по консолидацијата на СДСМ

Мицкоски „не е импресиониран“ од новото раководство на СДСМ

Каранфилова-Пановска: Убедена сум дека ќе го вратиме угледот, поддршката и победите на СДСМ

Конгресот го избра новиот состав на Централниот одбор на СДСМ

А1он