„Денеска сме во Могила, во срцето на Пелагонија, македонската житница, македонскиот производител на храна.
Овде сме да испратиме порака дека мора да има живот и за земјоделците во Македонија. За жал, денеска земјоделецот е најпонижен, најпогазен, изгубено е достоинството.
Оваа година беше посебно катастрофална. Немаше пласман за сите производи, и тоа што се пласираше навистина беше по многу минимални цени. Граѓаните земјоделци неможат да си ги повратат трошоците коишто си ги имаат направено.
Сакам да испратам неколку пораки да допрат до сите земјоделци во Македонија.
160 милиони евра годишно ќе даваме субвенции. Субвенциите ќе бидат наменети за да стигнат кај вистинските земјоделци. Две можности којшто ќе бидат на располагање на самите земјоделци.
Првата можност е субвенциите да стигнат кај нив кога им требаат. За производителите на овошје, ќе стигнат во периодот март, април кога почнува производствената сезона. За производителите на жито тоа ќе биде веќе септември, октомври кога завршува жнеењето на житните култури и почнува подготовката на наредната сезона. За сточарите тоа ќе биде јуни, јули, кога е најевтина храната за стоката и добитокот којшто го одгледуваат сточарите. Истовремено за набавката за секое ново грло добиток, ќе имаме зголемена за 30% повисока субвенција се со конечна цел да расте стадото кај сточарите. За секој нов хектар земјоделска површина ќе одобриме 20% повисока субвенција којашто во просек значи 2.500 денари повеќе, од тоа што денеска се дава по хектар површина.
Овој дел од мерките имаат конечна цел да ги зголемат приходите кај самите земјоделци и да мотивираат зголемена продуктивност. Мора со субвенционирањето да се постигне конечна цел и ефект, а тоа е парите да останат кај земјоделците. Најзначајната мерка ќе биде организиран, добро испланиран пласман за земјоделското производство во Македонија.
На политиката, на државата, е да обезбеди сигурен пласман, по достоинствени цени за земјоделските прозиводи во нашата Македонија. Тоа мораме да го направиме. Постојат решенија за ова преку отварање на пазарите, и преку планирање на производтсвото согласно потребите на домашниот пазар и на традиционалните пазари каде што се продаваат нашите земјоделски производи.
Земјоделците мора да имаат живот во Македонија. Само со богати земјоделци, само со достоинствен живот по селата знаеме дека ќе ни живеат и градовите.
Иднината на Македонија е во селото коешто досега е напуштено, иселено.
Мораме да ги вратиме децата во целата наша Македонија, посебно во руралните средини за да може да се обработува земјоделското земјиште, но и да останат овде пари со коишто младите ќе можат да бидат доволно храбри да стапат во брак, да чекаат деца, и да развиваат свој план за животот во нашата земја“, изјави претседателот на СДСМ, Зоран Заев.