А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

(ВИДЕО) Граѓански марш на 11. октовмри: Си го враќаме животот, ја враќаме слободата

by А1он07/10/2016 - 12:5807/10/2016 - 13:26407
Share0

Граѓанските активисти и лидерот на СДСМ, Зоран Заев преку прес-коференција ги повикаа граѓаните од целата држава на протестен марш на 11. октомври. Според нив, тоа е датум што ги најавува промените во Македонија.

Добивај вести на вибер

Борбата продолжува, гласот победува. Ова мото не обедини нас, иницијаторите на граѓанскиот марш за кој што денеска сме тука, рече лидерот на СДСМ, Зоран Заев.

– Ве повикуваме на 11 октомври за сите заедно да се огласиме со силна слободарска порака. Граѓанската акција продолжува. Ние граѓаните склучивме сојуз, си го враќаме животот, ја враќаме слободата. 11 октомври е симбол на борбата за слобода, на граѓански пркос, на народно востание, на слобода. Затоа и маршот се случува на тој датум. Ќе маршираме за борба против сиромаштијата, за повисоки плати, за работни места, за млади кои сакаат да останат да живеат во родната земја, за граѓански глас, рече Заев.

Тоа е гласот што вели да за слободна Македонија и гласот што вели не за слободата. Ве повикуваме сите, приклучете се. Да застанеме рамо до рамо сите заедно, еднакво важни независно од кавка било различност, рече лидерот на СДСМ.

Според членката на Сојузот на борците на Македонија, Вера Бунтеска, граѓаните на Македонија сакаат да живеат во држава во која ќе има правда за сите, држава во која демократијата ќе се развива во позитивна смисла.

– Граѓаните сакаат и очекуваат таква Македонија, а не држава заглавена во минатото. Минатото го почитуваме, на него сме горди, од него влечеме поуки. Што се однесува за нашата борба, членовите на сојузот ќе се бориме за една изградена иднина и тоа за општество во кое граѓаните ќе бидат почитувани. Ќе бидеме горди доколку граѓаните со сопствени сили ги решат проблемите кои се пред нив, рече Бутнеска.

Златко Ориѓански вели дека десетина години имал желба Македонија да стане нова, модерна, слободна држава.

– Ова се десет пеколни години во Македонија, ние не сме научени да живееме во режим и диктатура. Македонија ако сака да преживее како држава и нација ќе мора да си ги побара своите даровити поединци да дадат нешто добро за оваа земја. Имам забелешки за македонската интелигенција, таа треба да ја повлече државата напред. Моја желба е да не се враќаме во 1994 година, да се отвориме кон сите внатре, па кон сите држави околу Македонија. Мојот идеал е слободна, модерна Македонија, рече Ориѓански.

Новинарството во Македонија може да се поистовети со именката хаос. Моралот и етиката како основни постулати се мисловни поими, смета новинарот Томислав Кежаровски.

– Во Македонија немаме слобода на говор, имаме слобода на омраза. Секој обид да се крикне против наметнатото едноумие, актуелната власт вешто го загушува. Медиумите станаа плен на политичкиот и економскиот интерес, занемарувајќи го интересот на граѓаните. Јас сум подотвен да се борам за битката која се смета за изгубена. Без оглед на се што ми сторија и што се уште ми прават, се уште ќе бидам на страна на вистината, никој нема да биде господар на мојот ум, рече Кежаровски.

11 октомври нее треба да го прославиме протоколарно како што проаѓаат другите празници во Република Македонија, да го прославиме со масовност затоа што е крајно време после овие мачни десет години да покажеме подготвеност да ги преземеме во свои раце окупираните институции, рече актерката Ирена Ристиќ.

– Причини има многу, за мене најбитни се две, сериозно и искрено да ја покажеме нашата почит и благодарност кон сите оние луѓе кои ни помалку ни повеќе ги изгубиле своите животи за ова парче земја, тоа не семее да се прескокне и што е многу побитно, да се избориме за нашата сегашност и да покажеме подготвеност да обезбедиме сигурна и просперитетна идинина за нашата Македонија, рече Ристиќ.

Пејачот Бени Шаќири вели дека треба да се ослобат луѓето од притисоци со цел да уживаат во убавите моменти на живтот, што значи дека сме го допреле дното.

– Никогаш во животот во моите најцрни прогнози и размислувања не сум верувал дека во ова модерно време ќе дојдеме во ситуација да се бориме за слобода на размислување и живеење, додека модерниот свет гради напред, ние се враќаме многу назад. мојата порака би била следна, сите прогресивни сили да се здружат во едно за да се избориме со овој режим кој на нас младите не ни дозволува да размислуваме со своја глава, вели Шаќири.

Трчај да не заборавиш да одиш. Мојата генерација маршираше со Шарената револуција да не заборави да оди. Во добра форма сме, ќе маршираме за правда во нашата Македонија, рече новинарот Атанас Костовски.

Ве повикувам сите заедно да го прославиме овој празник за нас и нашата држава. 11. октомври не треба да го славиме како обичен празник, тој е еден од најважните денови во историјата на Македонија, рече твитерџијата Влатко Васиљ.

– Храброста и пожртвувањето на нашите предци ни овозможија да растеме и да живееме во слободна и наша држава, но исто така ни овозможија да бидеме горди дека застанале на вистинската страна во таа борба. Тоа беше една од најважните битки на таа генерација, но не треба да се залажуваме дека слободата ако еднаш се освои останува засекгоаш, рече Васиљ.

Александар Тодески

11 oktomvrimarshsdsmZaev

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Лефков: Филипче е единствен актуелен политичар кој сакал да донесе мигранти

Горан Наумовски11/12/2025 - 11:12

ВМРО-ДПМНЕ: СДС шири лажни вести за политичко поентирање

Горан Наумовски10/12/2025 - 19:06

СДСМ: Нема бегање Томовски, фактите се јасни, потврдени со документи и јавно објавени

Горан Наумовски08/12/2025 - 08:5708/12/2025 - 09:20

Томовски: „Јака работа“ завршил антикорупцискиот тим на СДСМ, го објавиле мојот број кој е јавно достапен, за клеветите следува тужба

Катерина Ѓуровски07/12/2025 - 14:14

ВИДЕО: Кој му дал дозвола на Мицкоски да преговара со Велика Британија за мигранти, прашува СДСМ

Катерина Ѓуровски07/12/2025 - 11:1007/12/2025 - 17:39

Конгрес на децата на Орбан, реагира СДСМ по настанот за реизбор на Мицкоски

Катерина Ѓуровски07/12/2025 - 10:50
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен