ВИДЕО: Заедничка акција на МВР, Царинската управа, УЈП и ДПИ на подрачјето на Скопје

Од:

Денеска полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција, Сектор за економски криминал и корупција во заедничка координирана акција со царински службеници од Сектор за контрола и истраги при Царинската управа, Управата за јавни приходи и Државниот пазарен инспекторат на повеќе локации во Скопје спроведоа мерки и активности против криумчарење на акцизна стока и избегнување на давачки за продажба на режан тутун и производи од тутун без акциза и платени давачки, извести МВР.

„За време на контролата е констатирано дека во продажен објект, сопственост на Џ.А., пронајдени се и одземени 90 килограми режан тутун, избегнувајќи плаќање на акциза во износ од 193.500 денари. Покрај ова констатирано е дека објектот нема регистрирано правно лице, за што ќе следи глоба од Државен пазарен инспекторат“, велат од МВР.

На тезга на влез на пазар, сопственост на У.Х. пронајдени се и одземени 105 кг. тутун, при што е избегната акциза од 225.750 денари, целата стока е одземена од страна на Царинската управа, а против лицето ќе следува и глоба од пазарните инспектори, додека во возило сопственост на О.И. биле пронајдени и одземени 19 килограми режан тутун, со што избегнал плаќање акциза во вкупен износ од 40.850 денари, се наведува во соопштението на МВР.

Со денешната заедничка акција спречено е криумчарење на акцизна стока со вкупен износ на избегнати давачки кон државата над 460 илјади денари. Против лицата ќе следуваат соодветни поднесоци од надлежните институции, додаваат од МВР.

Би можело да ве интересира

Швајцарци го оставиле празниот куфер кој направи паника кај седиштето на ВМРО-ДПМНЕ

Кривична пријава за членка на Судски совет, 15 пати зела парти за превоз, а ќерка и имала стан во Скопје

Катерина Ѓуровски

МВР: Од 12 октомври нов систем за влез/излез од ЕУ, со што сè треба да се подготват патниците

Горан Наумовски

Пијаните возачи ќе одговараат кривично, заострување на казните

Ги нападнале овчарски кучиња, се качиле на столб за мобилна телефонија – спасени белгиски планинари во Ценар Жупа

Катерина Ѓуровски

ДУИ: Еднојазичните униформи не се само облека