ВИДЕО: За Спасовски писмото на ИВЗ е уцена, Османи повикува на дијалог

Од:

Македонија е секуларна држава и апсолутно е непримерно во услови кога станува збор за судската власт и постапки пред судовите да имаме комуникација на уцени и закани,порача министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски. Тој повика на дијалог и потенцира дека недозволиви се уцени од било кого.

„Сметаме дека заканите се непрофатливи од било кого доаѓаат,во случајов се работи за едно писимо на ИВЗ кое е сериозна уцена. Повикувам на сериозен пристап, на одговорни луѓе личи добра комуникација. Оваа Влада на чело со Зоран Заев покажа дека има сериознен капацитет за дијалог и разговор, во тој дух да разговараме со секого, но никако нема да дозволиме уцени од било кого“, рече Спасовски.

И вицепремиерот Бујар Османи на денешната заедничка прес-конференција со министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски од граничниот премин „Богородица“ повика на дијалог за случајот со ИВЗ.

„Сметам дека треба да се деескалира дебата и да се седне да се разговара за сите отворени прашања, сме покажале во минатотот дека со седнување на маса може да се помогне на верските заедници во нивните барања кои ги сметаат за важни,“ рече Османи.

Вчера ИВЗ ја обвини Владата за бавната постапка за денационализација,како и за секојдневните проблеми кои ИВЗ ги имала од органите на власта кои ја попречувале во нејзината работа и секојдневната активност на одржување на верските објекти. Од ИВЗ посочија и дека се особено засегнати од нерешавањето на статусот на повеќе верски објекти, а обвинија и дека Владата ја фаворизира МПЦ .

Ваквите обвинувања од Владата ги толкуваа како уцена и закана и потенцираа дека немаат намера да преземат чекори со кои би ги манипулирале верските чувства или би се мешала во односите внатре во верските заедници или помеѓу нив.

Галена Николовска-Ризвановиќ

Би можело да ве интересира

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски

СДСМ: Владата ќе потроши над 350.000 евра за промовирање на својата работа преку бугарска фирма

СДСМ: Дрскоста е одлика на оваа Влада, колку ги чини граѓаните Дејвид Гета имате обврска да кажете!

Горан Наумовски

Владата тврди: Осомничениот возач зел 500 евра како дел од побараната награда од 1.500 евра

Горан Наумовски

30 дена притвор за возачот во Владата кој зема поткуп

МВР: Приведен e возач во Владата, фатен e со обележани пари

Горан Наумовски