ВИДЕО: За Илија Димовски фантомските гласачи се мажени и луѓе кои ја смениле адресата

Од:

Иако избирачкиот список кој го објави Државната изборна комисија покажа огромен број на проблематични гласачи, за што потврди и ДИК, според пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски, такви гласачи не постојат.

Според Димовски, тоа се луѓе кои што го смениле презмието или луѓе кои ја смениле адресата на живеење.

– Воопшто да не создавате паук дека тие се сомнителни гласачи, тоа не е точно, тоа е извртување на реалноста со цел политички да се создаде дамка на изборниот процес. Ние стоиме зад одлуките на ДИК, уште пред 3 години беше донесен закон со кој што овие пратеници предлагаа да се гласа со отисок од прст и стоевме на располагање да усвоиме закон со кој ќе беше предвидена активна регистрација на гласачите во Македонија, односно ако сакате да гласате да мора месец или два претходно да се пријавите, вели Димовски.

Според него, додека СДСМ била на власт, избирачкиот список е зголемен за близу 300 илјади гласачи за 10 години, а во време кога ВМРО-ДПМНЕ е на власт, годишно се зголемува за 3 до 5 илјади гласачи.

Димовски вели дека според регистерот на државјани на Република Македонија, државата има 2,410,000 државјани. Според ВМРО-ДПМНЕ, ова е техничка тема и не е политичко прашање.

Александар Тодески

Би можело да ве интересира

ДУИ го прозва ВЛЕН: Ако имате легитимитет, прифатете предвремени избори

СДСМ: Избори ќе закаже кога ќе снема пари – Ние нема да му бидеме алиби, но граѓаните ќе му бидат сведоци

Горан Наумовски

Захарова ги предупредува Русите во странство: Не наседнувајте на провокации

Вучиќ: Изборите ќе се одржат на 18 или 25 октомври

(ВИДЕО) Илјадници луѓе на десничарски протест во Саксонија: „Овој картел, оваа влада мора да си замине“

Венс за претседателската трка во 2028 година: Не се сомневам дека Трамп ќе ја поддржи мојата одлука