(ВИДЕО) За Груевски изборот на специјален јавен обвинител е можност за приближување кон ЕУ

Од:

Дијалогот за специјален јавен обвинтел е добар пример дека можеме да постигнеме решенија кој не водат во правец на ЕУ, изјави премиерот, Никола Груевски, по денешната пленарна седница на Пристапниот дијалог на високо ниво со Европската комисија.

Груевски даде изјава на прес-конференција заедно со еврокомесарот за проширување, Јоханес Хан. По изјавите, на новинарите им беа дозволени да постават вкупно две прашања, и двете беа наменети за комесарот.

Како што рече Груевски, тричасовната седница резултирала со продуктивни разговори во присуство на четирите најголеми политички партии.

-Разговорите што ги имавме денеска со Хан се основа како да ја пренасочиме севкупната општествена енергија во вистинки правец. Политичкиот договор е добра основа за надминување на предизвиците и концентрирање на напорите на Македонија за следен чекор во пристапниот процес – изјави премиерот.

Започнувањето на преговорите со ЕУ, рече тој, е примарна цел на Македонија. Само со засилен ангажман, додаде, можно е унапредување на процесот за евроинтегрирање.

-Во изминатиот период остваривме значителен напредок во обврските од постигнатиот договор. Беше избран јавен обвините и опозицијата се врати во Собранието. Постигнатиот договор за политичката криза и процесот за негова имплементација треба да се искористи како можност за паралелно рестартирање на евроинтеграцискиот процес – посочи тој.

Груевски додаде дека во фокусот на земјата следниот период ќе бидат економијата, правосудството, образованието, медиумската сфера и политичкиот дијалог. Тој му порача на Хан дека Европската унија треба да дозволи пристапните преговори да течат парлалено со наметнатите разговори за спорот со името со Грција.

Маја Васева

Би можело да ве интересира

Владата ќе формира Национален комитет за заштита и безбедност на новинарите

(ВИДЕО) Младеновска: Владата плаќа 350 милиони евра годишно за камати, повеќе отколку за социјална помош

СДСМ: Нема субвенции, нема откуп, нема мерки – земјоделците се оставени на цедило

Горан Наумовски

ДУИ: Македонија остана надвор од плановите на ЕУ за проширување, одговорноста е на Владата

Левица: Владата на Мицкоски признава фискален неуспех – ги промаши проекциите, ги крати инвестициите и ја задолжува државата

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски