ВИДЕО: За 24 часа изречени над 80 санкции за сообраќајни прекршоци во Кочанско

Од:

Засилена акциски контроли на возачите и останатите учесници во сообраќајот се спроведени во изминатото деноноќие на сообраќајниците во населените мнеста и на патиштата во Кочанско, при што се утврдени голем број прекршоци и неправилности, за кои се изречени соодветни казни.

Од Министерството за внатрешни работи информираа дека сообраќајните полициски екипи продолжуваат со контролите на улиците во Кочани и Виница и во текот на денешниот ден, а против прекршителите преземаат санкции или ги исклучуваат од сообраќај.

– Имаме изречено над 80 санкции, односно по половина во Кочани и Виница. Засилената акциска контрола ќе продолжи во текот на овој и во наредните денови, а целта е да се стави ред во сообраќајот. Досега на ниво на држава, додека траат овие акциски контроли во текот на месецот, изречени се околу 14 илјади санкции. Овде, пред сè, зборуваме за пречекорување на дозволената брзина, управување нерегистрирани возила и без возачка дозвола, како и прекрошоци што ги прават мотоциклистите, истакна портпаролот на МВР, Тони Ангеловски.

Од МВР упатија апел до возачите и до останатите учесници во сообраќајот да ги почитуваат правилата и прописите, со што ќе придонесат за поголема безбедност на улиците и патиштата.

Би можело да ве интересира

Посебен режим на сообраќај во Скопје во сабота поради чествувањето на смртта на Гоце Делчев

А1он

Паднато дрво го попречува сообраќајот на патот Делчево – Пехчево

Пропаѓале врски, бракови, бизниси – Италија ги укинува фотографиите од камерите за брзина во сообраќајот

А1он

Пет денови посебен режим на сообраќај во главниот град

А1он

Казнети 285 возачи во Скопје, 107 за брзо возење

Поради генерална проба за Министерскиот совет на ОБСЕ, утре посебен сообраќаен режим во Скопје

Предраг Петровиќ