(ВИДЕО) Вработен во Македонска пошта: Генералниот директор е виновен за пропаѓањето на компанијата

Од:

По објавувањето на информацијата дека раководството на АД „Македонска пошта“ врши притисок врз вработените да ги повлечат тужбите за неисплатениот регрес кој Пошта им го должи веќе неколку години наназад, на адреса на А1он се обратија неколку вработени од компанијата кои сакаа да сведочат за мобингот кој го врши менаџментот врз вработените.

Нашиот соговорник кој е вработен во Македонска пошта не сакаше да излезе пред камера поради страв од последици и евентуална освета од раководството што јавно зборува за проблематиката која се јавува во компанијата.

-Раководството вели дека ние вработените сме виновни што Пошта е во ваква ситуација. Тие вршат притисок кон нас да ги повлечеме тужбите со образложение дека преголеми суми на пари треба да се исплатат за тужителите и судските трошоци со што компанијата ќе дојде до ситуација да не може да исплати плати, вели за А1он вработен во АД „Македонска пошта“.

Според него, менаџментот е единствениот виновник за состојбата во која се наоѓа Пошта и само поради нив тие ја тужат компанијата.

-Генералниот директор и тие под него, тие ја доведоа компанијата во ваква состојба со неисплаќањето на К-15 на вработените, вели оштетениот работник кој додаде дека притисоците на раководството кон вработените траат повеќе од две недели непрекинато.

Вработените кои на свој грб го чувствуваат притисокот на раководството – со поделени реакции. Едните загрижени за своите работни позиции ги потпишуваат изјавите дека нема да ја тужат компанијата за неисплатениот регрес, а другите пак си остануваат на одлуката преку судски пат да се соочат со неправдата која им е нанесена.

Уценетите вработени разочарани од претседателите на синдикатите велат дека наместо да ги одбранат правата на вработените, тие се придружиле на менаџментот па така здружени ги наговараат вработените да не ја тужат компанијата.

-Синдикатите да си ја работеа работата, вработените ќе добиеа К-15 на време и немаше да дојде до ова, велат вработените.

Тие стравуваат дека раководството на АД „Македонска пошта“ ќе ги казни затоа што нема да ја потпишат изјавата со која треба да го уверат менаџментот дека нема да ја тужат компанијата за неисплатениот регрес.

-Раководството еден по еден им се јавуваат на телефон на вработените да ги потсетат да ги повлечат тужбите, чисто се сомневам дека нема да има реперкусии за оние кои нема да го сторат тоа, вели нашиот соговорник.

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

АП: Евиденцијата за поштенски пратки со откупнина задолжително да содржи адресни податоци

Ана Ололовска

Соработка на Асоцијацијата за е-трговија и Агенцијата за пошти

Ана Ололовска

Со европска помош ќе се јакнат капацитетите на Агенцијата за пошти

Ана Ололовска

Вработените во Пошта ќе добијат регрес само за две години и тоа двојно помал

Ана Ололовска

Левица: Работниците во „Македонска пошта“ да не подлегнуваат на уцените и притисоците од раководството

Ана Ололовска

Агенцијата за пошти ќе одржи јавна седница

Ана Ололовска