Со европска помош ќе се јакнат капацитетите на Агенцијата за пошти

Од:

Со твининг проект во вредност од 600.000 евра обезбедени од Европската унија преку Инструментот за претпристапна помош што ќе се имплементира во со шпанска помош во наредните 18 месеци ќе се работи на јакнење на капацитетите на Агенцијата за пошти во согласност со барањата што произлегуваат од националното законодавство и Директивата за пошти на Европската Унија.

Со проектот ќе се зајакнува инсепкцискиот надзор, кој согласно Законот за поштенски услуги е обврска на Агенцијата за пошти, а ќе се работи и во делот на легислативата со цел да се овозможи целосна либерализација на поштенскиот пазар од 1 јануари идната година.

Директорката на Агенцијата за пошти Билјана Аврамоска Ѓуреска твриниг проектот го оцени како одлична можност за зајакнување на капацитетите на Агенцијата преку имплементирање на законски решенија и преку примена на експертски искуства и препораки.

-Она што е посебна придобивка е заедничката соработка со Министерството за транспорт и врски и давателот на универзалната услуга со цел заедничко креирање на можностие за подобри и поквалитетни услуги за граѓаните, рече Аврамоска Ѓуреска.

Државниот секретар од Министерството за транспорт и врски Зоран Маневски нагласи дека веќе е почната изработката на нова стратегија со која ќе се постават нови насоки за развој на националниот пазар на поштенски услуги.

-Стратегијата ќе биде во согласност со владините политики во насока на заштита на слободната конкуренција на пазарот, унаредување на интересите на стопанството и корисниците на поштенските услуги. Во следниот период посебно внимание треба да посветиме на подготвките на либерализацијата на пазарот што треба да отпочне од идната година. Тоа е важно како за приватните поштенски оператори, така и за државната пошта се со цел подготвени да влеземе на отворениот пазар, рече Маневски.

Тој изрази надеж дека до крајот на годинава ќе бидат изработени почетните насоки како и во кој правец ќе биде донесена либерализацијата на пазарот на поштенските услуги.

Шефот на секторот за економски работи, зајакнување на институциите и меѓугранична соработка од Делегацијата на ЕУ, Фрек Јанмаат порача дека проектот стартува во вистинско време за земјава пред скорешното отворање на преговорите за членство со ЕУ.

-Проектот е битен и за таканареченото второ лице на Договорот за стабилизација и асоцијација кој предвидува либерализација на сервисите. На тој начин македонските компании ќе бидат способни да и нудат услуги на ЕУ, а еврпоските ќе бидат во можност да нудат во Северна Македонија. Токму затоа се надевам дека проектот ќе помогне во зајакнувањето на капацитетите Агенцијата за пошти како многу битно независно регулаторно тело во оваа област со цел подготвено да ја дочека либерализацијата на пазарот и да ја зголеми конкуренција во иднина, рече Јанмаат.

Регионалниот твининг советник Ева Пикос во наредните 18 месеци директно ќе работи во Агенцијата за пошти и ќе биде врска помеѓу шпанските експерти од секторот и Агенцијата.

-Се надевам дека за ова време ќе успееме да ги направиме сите потребни усогласувања и промени за земјата што побрзо и подобро да се приклучи кон големото европско семејство, изјави Пикос.

Главна институција корисник на твиниг проектот е Агенцијата за пошти, а партнери се Министерството за јавни работи на Шпанија, преку Министерското одделение за транспорт и јавни работи и Фондацијата Интернационал и Меѓународната Иберо-Американска фондација за администрација и јавни политики (FIIAPP) од Шпанија, како управувачка единица на проектот.

Би можело да ве интересира

Еден шеф на еден работник во Пошта: Поштари нема, но администрацијата е преполна

Орце Костов

Двочасовен протест утре во националната Пошта

Горан Наумовски

„Купувајте загубени пратки за само 123 денари!“: На интернет си поигруваат со АД Пошта

Орце Костов

Eко Логистик Сервис пошта број 1 во нашата држава покажа анализа од Агенција за пошти

Предраг Петровиќ

Од пошта украдени пари, поштенски марки и други предмети

„Еко Логистик Сервис“ е лидер во сите категории за национална брза пошта за 2022 година

Орце Костов