ВИДЕО: Вработен на кардиологија имал симптоми на коронавирус

Од:

Вработен на Клиниката за кардиологија пројавил симптоми на коронавирус, информираше на попладневната прес-конференција, министерот за здравство, Венко Филипче. Вработениот немал комуникација со лицата кои се хоспитализирани на клиниката, туку работел во делот каде пациенти доаѓале за интервенција на срцето, соопшти министерот.

„Имавме случај на Клиниката за кардиологија. Еден од членовите на резервниот тим практично на работа пројавил симптоми. Ова е случка во делот на ангио салата, каде нема лежечки капацитети, туку дел каде пациенти доаѓаат само за интервенција на срцето“, рече Филипче.

Тој е дециден дека ќе има санкции ако некој свесно доаѓал на работа, иако имал симптоми на коронавирус.

„Во тој дел, лекарите во однос на контактот кон пациентите се целосно заштитени поради што таква е технологијата на работа. Но, доколку се потврди дека некој на работа свесно одел, а имал симптоми, тука ќе следат санкции“, потенцираше министерот.

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

A1on

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски