ВМРО-ДПМНЕ: Возилото на убиениот Панче било внесено во Скопје на 24 ноември и било 3 дена возено без да биде сопрено и легитимирано

Од:

Секој ден излегуваат се повеќе информации дека поради пропусти на МВР на Спасовски не бил спречен трагичниот настан со грабнувањето и двојното убиство за кое се осомничени Палевски и неговата група.

Последните информации, кои надлежните институции не ги демантираат, говорат дека возилото на Панче Жежовски кое било уредно пријавено после неговото исчезнување 5 дена пред убиството на малата Вања, се движело без проблем во Скопје.

Доколку МВР распишало централна објава по возилото, тоа ќе било најдено веднаш штом ќе се регистрира од страна на системот Сејф Сити, а убијците на Панче ќе биле фатени, односно убиството на Вања можеби и немало да се случи. Возилото со кое е киднапирана Вања и со кое е пренесена до местото на ликвидација, од Велес во Скопје влегува на 24 ноември, што значи дека во тие три дена морало да биде откриено, сопрено и легитимирано од страна на полицијата. Единствена шанса ова возило да не биде забележано во најголемиот безбедносен степен кој владееше во Скопје, е доколку истото не било внесено во системот за централна објава.

Индициите говорат дека постоеле низа на пропусти во истрагата пред и после настаните. Фактите говорат дека Палевски и неговата група пред 7 месеци биле откриени како диво копаат артефакти и поседувале нелегано оружје и за истото не биле санкционирани. Доколку власта и Спасовски не замижуваа пред поведението на Палевски и ако ја работеа работата до оваа трагедија немаше да дојде.

Спасовски нека не се крие, нека излезе и нека ги даде одговорите за вистинските прашања. Тоа им го должи и на жртвите и на македонската јавност, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче бара утеха во пласманот од четврто место во Брвеница додека СДС ја направи партија која слави порази

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Филипче и Заев се пазареле со бугарските власти за случајот со Ива Михаилова за да му се оддолжат на Радев?

Горан Наумовски

Петрушевски: Филипче врши селективна борба против корупцијата

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: Ако Филипче има дилеми за атентатот на Глигоров нека си го праша Фрчкоски кој вдомен во штабот на СДС снима поткасти, а тогаш беше министер

ЛДП бара СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ да вратат 4 милиони евра што ги зедоа за финансирање на политичките партии

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ бара Обвинителството да отвори предмет и да ги провери наводите на Филипче за криминал тежок 37 милиони евра кај договорот за хеликоптерите