ВИДЕО: Возилата не пропуштаат пешаци на пешачкиот во Карпош 4 каде беше прегазен велосипедист кој почина

Од:

Жителите на Карпош 4 и оние кои пешачат во овој дел од Скопје, се плашат да поминат на пешачкиот премин кај трговскиот центар „Антико“ за да поминат улица. Не стивнуваат поплаките дека возачите овој пешачки го сметаат како да не постои. За тоа сведочи и сообраќајката пред еден месец, во која загина велосипедист кој беше прегазен додека поминуваше на истиов пешачки премин. Состојбата, ни по оваа несреќа не е променета. Најголем дел од  автомобилите, но исто така и автобусите, не застануваат да пропуштат пешачи и велосипедисти.

Неретко се случува пешаците да излезат и на сред пешачки, а возилата од последната коловозна лента да не застанат и да ги пропуштат. Па така, тие мора да застанат и да ги пропуштат возачите, за да не настрадаат. На овој дел од Карпош, се вози со голема брзина, неприкладна на ограничувањето од 50 километри на час. Доказ за тоа се и сообраќајките кои се случуваат, а последната пред една недела, кога мопед удри во автомобил.

Во овој дел од Карпош се почесто има сообраќајки, а се поретко контроли. Пред неколку месеци, возило преку велосипедската патека, и удри во жардињерите. Полицијата во овој дел од градот, најчесто интервенира кога на првата лента има паркирано возила, чии сопственици се гоштеваат во локалната слаткарница која е на Партизанска.

Граѓаните апелираат на построги казни и повеќе контроли. Дел од нив се залагаат и за поставување на семафори, бидејќи сметаат дека контролите и казните нема да дадат резултати. Случајни минувачи коментираат и дека ретко поминуваат на овој пешачки премин, од страв дека може да бидат прегазени.

Би можело да ве интересира

Две кумановки и петмина банкари осомничени за измама со брзи кредити од над 12 милиони денари

Полицијата ловеше пијани возачи – одземени се 58 возачки дозволи

А1он

МВР: Уапсен е 73-годишен паланчанец кој силуваше 75-годишна познаничка

Нова кривична пријава против поранешниот градоначалник на Струмица Костадин Костадинов

Катерина Ѓуровски

Кривична пријава против директор и вработени во УХМР за злоупотреба на службената положба

На „Блаце“ уапсен кондовец баран за тероризам – му се закануваат 16 години затвор

А1он