ВИДЕО: Возачот однесен во притвор, за адвокатот мерката е изнудена од јавноста

Од:

Судот му одреди 30-дневен притвор на 22-годишниот Јордан Ѓ. кој со автомобил „Цитроен Ц4“ ја усмрти 24-годишната радовишанка Викторија Николова, а удри и во нејзиното момче. Тој со полициска придружба и лисици на рацете е спроведен во затворот „Скопје“ во Шутка. Неговиот адвокат Душко Јанковиќ во изјава за „А1он“ најави жалба на одлуката и тврди дека Јордан не може да го повтори делото доколку му се одземе возачката, а не може ниту да влијае бидејќи примероците за вештачења се земени, заедно со возилото.

dobivaj vesti na viber

„Ние преговаравме, како ќе го повтори делото кога судот може да му ја одзеде возачката дозвола, не може да го направи тоа со било кое возило. Да влијае на сведоци, вешти лица е тешко изводливо затоа што се земени параметрите, направен е увид, одземено е возилото за вештачење, дадени се налози, процесуиран е во Клинички центар. Ако требаше да има притвор, домашниот притвор ќе беше соодветен. На мислење сме како одбрана дека овој притвор е изнуден под притисок на јавноста, која ова го стави како некој приоритет иако треба да се сослушаат двете страни. Не е лесно за починатата, факт е, меѓутоа не е тоа знак дека уште еден друг млад живот да уништиме. Ќе се жалиме на овој притвор, ќе ги наведеме нашите основи. Искрено се надеваме дека овој притвор ќе се преиначи во домашен, што е и исто притвор, нема да се брани од слобода“, рече адвокатот Јанковиќ за „А1он“

Неговиот распит во Кривичниот суд траеше два часа, по што следните два часа судот ја носеше одлуката. Возачот од вчера по несреќата е задржан во полициска станица. Притворот му е одреден поради опасност од бегство и можно влијание врз сведоци односно вешти лица кои ги прават потребните вештачења за утврдување на точната брзина и причините кои довеле до трагедијата.

Обвинителството веќе потврди дека семафорите на кои поминувала 24-годишната радовишанка која загина, во моментот не работеле. Возачот не застанал на обележаниот пешачки премин и со поголема брзина од пропишаната ја прегазил и усмртил. Тој не пружи ниту помош, односно не излезе од автомобилот по несреќата. Првиот момент кога го напушти возилото беше по 15 минути, кога дојдоа првите екипи на полицијата.

Момчето на починатата помина со набиеници на карлицата и тешки трауми. Од болницата каде беше прегледуван соопштија дека бил видно потресен од трагедијата. Сега, тој е на домашно лекување.

Обвинителството ги побара и снимките од надзорните камери, кои се околу пет на раскрсницата. Тие ќе помогнат да се утврди, што точно се случило вчера по 19 часот. Телото на Викторија е дадено на обдукција, по што ќе биде предадено на семејството. Кај возачот кој ја усмрти, направено е вештачење на примероци од урина и крв, од кои неофицијално, утврдено е дека нема траги на алкохол или дроги.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Пијаница со 150 км/ч ми го уби детето, издржа казна четири години и излезе, каде јас да барам правда, праша мајка на протестот пред судот

Маја Илиевска-Пачемска

Вложена жалба на пресудата за тешката сообраќајна несреќа во скопски Карпош

Ана Ололовска

Сестрата на загинатата Викторија: Срамота за судот, имате ли барем грам човечност?

Кристијан Ландов

Протест пред Кривичен в петок, поради тригодишната казна за возачот кој ја усмрти Викторија

Кристијан Ландов

(ВИДЕО) Семејството на покојната со плач по пресудата: Немам зборови, згрoзен сум од оваа држава

Кристијан Ландов

ВИДЕО: Три години затвор за возачот кој усмрти пешак кај „Сити мол“

Кристијан Ландов