На вонредна седница, советниците на општина Центар од отворено во паркот кај Бристол повикаа инвеститорот да се откаже од изградбата на Советот за радиодифузија, и со тоа да покаже дека ја почитуваат волјата на општина Центар.
На седницата не присуствуваа советниците на ВМРО-ДПМНЕ, за што градоначалникот Андреј Жерновски изрази желење, зашто според него поентата била да се соочат со граѓаните.
-Зошто вонредна седница? За да ги информираме граѓаните, што се случува со овој простор. ВМРО-ДПМНЕ откако ја загуби власта во Центар со полициски сили врши матни работи од областа на урбанизмот. Зошто мораше да се исечат дрвјата? Зошто мора СРД да биде во најтесниот дел на градот, каде комуналиите се најскапи, зошто не е во Тафталиџе или Маџари, праша претседателот на Советот на општина Центар,Мирослав Шиповиќ.
-Се чини дека ВМРО-ДПМНЕ сака да ги казни граѓаните на Центар што гласале против нив, сега сака од СРД да ги гледаат граѓаните во нивните спални соби, дневните и кујните.
Се фалат со милионо насадени дрвца, ама каде се? На Солунска глава, Караџица, дали ќе израснат некогаш? Каде се децениските дрвореди во Центар?
-Се покажа дека протестот пред општина Центар не бил спонатан туку организиран, и не бил за цркавата, рече Шиповиќ.
Советникот Јован Тагасовски праша дали мораше оваа локација, или пак власта се свети на жителите на Центар за изгубените избори во општината.
-По генерален урбанистички план овде е домување, никаде нема администрација. По закон е зеленило овде на овој простор, значењето на овој простор има 50 годишна историја. Партиска задача беше да се сруши овој простор, ама не може да срушите колку што ние можеме да изградиме, рече Јован Тагасовски, советник во општина Центар.