ВИДЕО: Водно се прекопува поради гасоводот, предвидена е и сеча на шума

Од:

Парк-шумата Водно од минатата недела е цел на нови градежни активности. Се прекопува поради изградбата на гасоводот за што е предвидена и сеча на дрвја. Четири багери во вторникот в зори, без најава, се искачиле на Водно и почнале да го рамнат теренот на местата каде што треба да поминува гасоводот. Работеле два часа и си заминале. Израмнет е дел од шумата на местото наречено Бел Камен во должина од 200 метри и ширина од 25 метри, а околчена е и целата траса кон Матка, каде што треба да минува гасоводот, објави „Макфакс“.

Багерите сотреле и неколку борови што стојат покрај израмнетиот дел. Откорнати и искршени дрвја има и по целиот пат што води до Бел Камен – им пречеле на машините. За новиот напад на зеленилото на Водно алармираа планинари што ги забележале градежните машини во близина на врвот на Водно. Тие не се согласни гасоводот да ја пресече парк-шумата и бараат стопирање на градежните активности.

Утврдено е дека секаде каде што трасата на гасоводот минува низ нискостеблеста и високостеблеста вегетација ќе биде неопходно да се отстранат стебла и грмушеста вегетација. Предвидено е загадување на воздухот од градежните машини и од заварувањето на цевките, бучава од механизацијата и појава на градежен шут, а пресметани се низа ризици за околината и во текот на користењето на гасоводот.

Гасоводот го гради „Македонски енергетски ресурси“ АД (МЕР), од каде што нема официјално известување за почеток на градбата на Водно.

Повеќе на „Макфакс“.

Би можело да ве интересира

Автопатот Скопје-Блаце носи нов импулс за развој, вели Николоски

(ВИДЕО) Вирусот на западнонилска треска се шири: 43 случаи, првпат потврден и кај мртов гавран во Скопје

Горан Наумовски

Мртов маж е пронајден во двор во Скопје

Горан Наумовски

25-годишен скопјанец силувал 14-годишно девојче

Повикани 13 лица во полиција поради ширење лажни информации за водата во Скопје

Мртва 45-годишна жена е пронајдена во стан во Карпош