ВИДЕО: Во знакот на хуманоста – „СРВ Фест“ во Гевгелија

Од:

Шеталиштето „Маршал Тито“ во центарот на Гевгелија синоќа беше сценски подиум за првиот хуманитарен „СРВ Фест“, кој се одржува во спомен на младиот гевгелиски гитарист Ристо Калиников, член на групата „Аквариус“.

Октомвриската музичка ноќ беше едногодишен спомен за прерано загубената битка со болеста на надежниот гевгелиски гитарист, роден 1990 година, кој почина на 9 октомври во 2012 година.Целта на фестивалот е да се соберат хуманитарни средства за оние што имаат потреба од итна финансиска помош.Ова беше двигател штоја создаде идејата кај неговиот круг на другари да иницираат хуманитарен фестивал во Гевгелија, на кој ќе се собираат средства за болни лица на кои итно им е неопходна помош, која им е од животоно значење за подобрување на нивното здравје.

[nggallery id=234]

На поканата на организаторите на фестивалскиот првенец се приклучија со свои бесплатни настапи членовите на музичкиот бенд на Калиников „Аквариус“, локалните музички состави „Херниа“ и „Корени“ од Стојаково, Дејан Јованов, Боби и Коце, Васил Ангов, Марија Каркалашева, а како изненадување се појавија „Crossroad blues band“, Midnight Sun, Pixel, Spectrum, Big Foot, HQ , MixBand и други локални музички имиња.

Во текот на настапите беа отворени штандови каде што можеше да се остават хуманитарни прилози.

Фестивалот „SRV Фест- Гевгелија за Калиников“ во иднина се планира да прерасне во традиционално собиралиште и забава за младите, а хуманитарната акција да прерасне во донаторска фондација.

Помагател на настанот е и Општина Гевгелија.

А.Д.

 

Би можело да ве интересира

Општата болница во Гевгелија опремена со ново возило за Итна помош донација од Новоматик Македонија

Србин со нож ранил маж во кафеана во угостителскиот објект на бензинската пумпа во Јосифово

Горан Наумовски

ВИДЕО: Град со големина на орев го погоди Гевгелиско

Градоначалникот на Гевгелија префрлил 36.000 евра на ракометен клуб основан од татко му, обвинија од СДСМ

Орце Костов

Едно лице загина во сообраќајката на патот Гевгелија-Богданци: Се судриле четири автомобили

А1он

Сообраќајка на патот Богданци-Гевгелија: Сообраќајот во прекин, интервенираат пожарникари и полиција

А1он