„Спортски е да се сади“. Ова е мотото на 10-та јубилејна акција „Ден на дрвото – засади ја својата иднина“ која се одржа денеска на повеќе локации во земјава.
Во тетовско се садеше кај селото Милетино. На површина од 3 хектари се засадија 12 илјади садници црн бор. Садеа ученици од повеќе училишта во регионот.
Слабиот дожд кој речиси цел ден паѓаше во полошко создаде идеални услови за оваа акција.