Континуирана достава на огревно дрво од ПЕ Голак Делчево

Од:

Од ЈП Македонски шуми, ПЕ „Голак“ Делчево досега се дистрибуирани 40 отсто од количните огревно дрво до граѓаните. Како што истакна Јордан Димитровски, директор на ПЕ „Голак“ Делчево, испораката на огревно дрво засега се одвива континуирано и без проблеми.

– Сите склучени договори се реализираат од наша страна. Граѓаните кои извршуле уплата за порачаните количини согласно со договорите, веќе ги добиваат количините огревно дрво. Ова се однесува и за физичките лица и за правните лица, како и за синдикатите. Согласно со договорите до стартот на сезоната, треба да испорачаме околу 5 илјади метри кубни огревно дрво, рече Димитровски.

Тој додаде дека и во текот на летниот период се врши склучување договори за огревно дрво, така што и оваа година ПЕ очекува производство и дистрибуција на над 8 илјади метри кубни. Димитровски апелираше до граѓаните и за внимателно движење низ шумите, посебно да не се пали оган на отворено.

-Ја користам оваа прилика да апелирам до граѓаните да внимаваат со фрлање отпушоци, да не палат оган на отворено, бидејќи високите температури можат да бидат опасни по шумите. Во таа насока ќе биде и забраната за движење во шумите која секоја година претставува една од мерките за заштита од шумски пожари, рече Димитровски.

На територијата на Пијанец под шума има 30 илјади хектари од кои над 20 илјади хектари е шума со загрозеност од прв степен. За последнава година и половина, на територијата на Делчево и Македонска Каменица од шумските пожари направена е штета од 120 милиони денари, а на оваа територија имало 46 пожари на отворено, од кои само во април и март годинава 28.

Би можело да ве интересира

Левица: Неспособната влада повторно ги остави на цедило вработените во ,,Македонски шуми”

По гинеколози на конкурс се бараат и дрвосечачи Албанци, и тоа во Берово

Катерина Ѓуровски

Трипуновски: Граѓаните и оваа година ќе имаат недостаток на огревно дрво

Вработен во „Национални шуми“ со измама и фалсификувани документи заработи над 100.000 евра

Трипуновски: Власта вработила 480 лица во ЈП Македонски шуми, за да се зголеми ефикасноста на претпријатието, а резултатот е под нула

Сечејќи дрво загина жител на скопското село Огњанци