ВИДЕО: Во тетовско откриени 10 килограми марихуана

Од:

Полицијата вчера заплени 10 килограми марихуана во двор од напуштена куќа во с.Фалише. Дрогата била пронајдена во возило “БМВ 523“ со тетовски регистерски таблички сопственост на 25 годишен жител на селото.  Марихуаната била спакувана во осум полиетиленски пакувања и е предадена на вештачење.

Според полицијата дрогата е високо квалитетна која на западно европскиот наркопазар при продажба би достигнала цена од 50.000  евра.
Од страна на ЦСОСК – ОНТД  до надлежното Јавно Обвинителство по целосно расчистување и документирање на случајот ќе биде поднесена кривична пријава против А.Б. (25)  поради постоење на основано сомнение дека сторил кривично дело-“неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори”, казниво по чл.215 став 1 од КЗ на РМ. Лицето  во моментов не е достапно на органите на прогон и по него сеуште се трага.

Би можело да ве интересира

Акција во Прилеп: Полицијата уапси дилер на марихуана

Двајца осомничени признале вина за шверцот на пет тони марихуана од Македонија во Србија

Нови седум осомничени за транспортот на марихуана од Македонија во Србија

А1он

ВИДЕО: МВР објави снимка од марихуаната која од Македонија тргнала за Турција ,а беше запленета во Солун

По грчката акција „Вардарис“ – истрага и притвор за едно лице осомничено за транспорт на над 324 килограми марихуана

Откриена е криминална група за трговија со дрога, запленети околу 300 килограми марихуана