Во изнајмен стан на подрачјето на Скопје, Министерството за внатрешни работи откри импровизирана лабораторија за нелегално производство на „канабис сатива“ – високо квалитетна марихуана – сканк.
По спроведена истрага од страна на полициски службеници од Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, а врз основа на судска наредба извршен е претрес на две локации на подрачје на градот Скопје, како и врз скопјанецот М.Р.(32), при што на првата локација биле пронајдени чинија со непозната растителна материја, црна најлонска вреќа исполнета со гранки и листови од растителна материја, бела пластична цилиндрична кутија со остатоци од растителна материја, бело пластично кутивче во кое имало семки од непознато растение, една црна грутка од непозната материја, како и дигитална вага со траги од растителна материја. При извршен личен претрес кај М.Р (32) пронајдена е зипер најлонска паковка исполнета со непозната растителна материја и еден мобилен телефон марка „Сони“.
Како што соопшти МВР, истиот ден во 13:30 часот во присуство на М.Р. извршен е претрес во стан кој го изнајмил без соодветен договор за закуп каде што е утврдено дека во две простории од станот инсталирана е софистицирана опрема која се користи за создавање на погодни услови за одгледување на марихуана во импровизирана лабараторија при што пронајдени се 105 саксии насади со канабис, две големи најлонски црни вреќи исполнети со гранки и листови од канабис, 13 сијалици, 19 пластични шишиња, пластична туба, кујнска вага, керамичко луле, пумпа за прскање, зипер кеси со 18 семки од канабис, ампула со четири семки од канабис, пакување за ризла, зипер со грутка хашиш и друго.
Имено М.Р. во текот на февруари годинава го изнајмил станот, по што набавил опрема потребна за лабараториско одгледување и производство на растението „канабис сатива“ и нелагално набавил семки од марихуана.
По инсталирањето на нелегалната лабораторија во повеќе саксии засадувал семки со растението „канабис сатива“ кои имал намера да ги одгледува до достигнување на одредена висина на садниците и достигнување на потребната концентрација на TXC вредноста, по што ги обработувал (сечел, сушел и пакувал) заради понатамошна продажба, а со цел стекнување на противправна имотна корист. Исто така од засега непознато лице неовластено набавил наркотична дрога хашиш по цена од 300 евра заради понатамошна препродажба.
Одземената растителна материја по наредба на Јавен Обвинител е предадена во Одделот за криминалистичко-технички испитувања и вештачења при МВР на РМ. Од завршеното вештачење утврдено е дека 103 стебла се растение канабис сатива со висина до 1,2 метри, а додека пак две стебла се со висина до 20 цм. Исто така при вештачењето констатирани се и 91 семка канабис, 30,2 грами марихуна, 388,2 грама хашиш.
Против М.Р. поднесена е кривична пријава поради постоење основи на сомнение за сторено кривичното дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори” предвидено и казниво по член 215 , став 1 од Кривичниот законик на Македонија, а од страна на судија на претходна постапка на пријавениот му е одредена мерка притвор во траење од 30 дена.