ВИДЕО: Во Скопје поставена канта за отпадоци што зборува и опоменува да не се фрла ѓубре наоколу

Од:

– Групата Урбани уметнички акции која делува во склоп на Центарот за современи уметности креираа интерактивна канта за смет која зборува со минувачите и ги опоменува да не фрлаат ѓубре наоколу.

Како што информираат од Центарот за современи уметности, кантата е направена од рециклирани материјали (стара цевка за канализација) и во неа е сметена електроника со сензори кои го детектираат движењето и опоменуваат да не се фрла ѓубре наоколу, a кога некој ќе фрли ѓубре кантата се заблагодарува и ја раскажува својата приказна за ѓубрето во градот. Посочуваат дека во својата беседа кантата нуди можност на граѓаните да поразговараат со неа и да ги слушнат причините зошто е валкан градот но и да ги слушнат проблемите со кои се соочуваат мнозинство канти за ѓубре.

Од Центарот за современи уметности соопштуваат дека во наредниот период кантата ќе биде поставена (пред дизајн студиото на Кинг оф принт во близина на кафе „Круг“ и кај Мобилната монтажна галерија во франкофонскиот парк) во центарот на Скопје, а од наредната недела граѓаните ќе можат да се сретнат и да поразговараат со кантата на различни локации.

Од Центарот се надеваат дека опоменувајќи ги граѓаните но и надлежните на ваков креативен и по малку хумористичен начин ќе успееме барем малку да влијаеме на подигнувањето на свеста за комуналната хигиена и да придонесеме кон почист град

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Коалицијата Арсовска – ДУИ – СДС се причината зошто Скопје пати и тоне во ѓубре

A1on

Косана Мазнева: „Комунална хигиена“ успешно се справи со блокадите на мафијашките структури

A1on

Скопје се враќа во нормала: „Комунална хигиена“ ги празни контејнерите

A1on

Вработен во „Комунална хигиена“ добил ќотек од колегите бидејќи излегол да работи наместо да протестира

A1on

ВИДЕО: Контејнерите преполни, сметот расфрлан наоколу, се шири смрдеа – Скопје се дави во ѓубре

Катерина Ѓуровски

Димитриевски до кумановци: Не фрлајте ѓубре насекаде, не можеме да постигнеме да исчистиме

Жарко Настоски